Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Бев огнена феминистка - сега сум домаќинка и живеам од парите на сопругот“

„Но, колку бев помажествена, толку понесреќна станував. Ги одбивав луѓето од себе со својот претерано натпреварувачки дух. Бев истоштена...“

bev-ognena-feministka-sega-sum-domakjinka-i-zhiveam-od-parite-na-soprugot-01.jpg

Ребека Барет од Њујорк некогаш работела како инженер, а сега вели дека ништо не ѝ причинува поголемо задоволство од тоа да седи дома и да приготвува вечера за сопругот.

Пораснала во традиционално семејство, каде откако посведочила на неверство, се претворила во огнена феминистка.

„Многу млада научив што е тоа неверство и тоа ме обликуваше да станам силна и самосојна жена. И на училиште и на факултет секогаш ми беше цел да бидам независна. Никогаш не сакав да се потпирам на приходот на партнерот, станав инженер и имав завидна кариера.

Но, колку бев помажествена, толку понесреќна станував. Ги одбивав луѓето од себе со својот претерано натпреварувачки дух. Бев истоштена, константно бев во некоја трка.

Се чувствував мизерно и секогаш се прашував дали можам да бидам уште поагресивна во пристапот и уште попробивна и дојдов до точка на пукање.

bev-ognena-feministka-sega-sum-domakjinka-i-zhiveam-od-parite-na-soprugot-04.jpg

Чувствував дека сум постигнала толку многу, токму затоа што ги презирав мажите и не сакав да бидам во нивна близина.“

Но, Ребека открива дека сè се променило кога го запознала својот сегашен сопруг со кого очекува дете. Сепак, вели дека на почетокот работите не биле лесни затоа што колку повеќе работела на себе, толку повеќе создавала проблеми во врската.

Потоа, парот отишол на советување каде им кажале да пробаат со потрадиционален пристап во врската/бракот со точно поделени улоги на мажот и жената.

bev-ognena-feministka-sega-sum-domakjinka-i-zhiveam-od-parite-na-soprugot-05.jpg

„Сфатив дека уште сум натпреварувачки настроена и ако сакам врската да ми успее ќе мора да го променам начинот на размислување и да ја прифатам новата улога.

Одлучив да бидам покорна и да му дозволам на партнерот да ја води врската. Но, тоа не значи дека тој смее да гази по мене, туку дека јас верувам во неговите одлуки.

bev-ognena-feministka-sega-sum-domakjinka-i-zhiveam-od-parite-na-soprugot-03.jpg

Му дозволувам да го води домаќинството. Јас сум негов ко-пилот, но на крај од денот тој ги носи одлуките. Мило ми е што имам силен маж крај мене и јас можам да си дозволам да се опуштам. Се надополнуваме еден со друг.

Сега, сум домаќинка и најмногу уживам кога му приготвувам вечера.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Исповеди: „Што ќе направам со парите ако добијам на лото и станам многу богат/а?“ „Анонимно ќе одам на некоја платформа за хуманитарни цели и ќе донирам големи су...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Архитектонски „чуда“ кои се доказ дека парите не купуваат вкус (фото) Некои луѓе кои можат да си дозволат огромна куќа, имаат навистина одлични замисл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg