Парите ќе се „лепат“ за вас – 5 работи кои носат богатство ако ги чувате во паричникот

Голем број од различните верувања и суеверија, се однесуваат на парите. Луѓето отсекогаш ги интересирало како да привлечат богатство и среќа.

parite-kje-se-lepat-za-vas-5-raboti-koi-nosat-bogatstvo-ako-gi-chuvate-vo-parichnikot-01.jpg

Според некои стари верувања, се смета дека доколку чувате некоја од овие 5 работи, тие ќе ви донесат богатство. 

Би било прекрасно доколку тоа функционираше навистина така, но сепак некои луѓе веруваат во овие совети. А, вие?

Што треба да ставите во вашиот паричник за парите да се „залепат“ за вас?

Ловоров лист

Ловоровиот лист во античка Грција се сметал за симбол на победа и успех во бизнисот. Постојат многу верувања дека ова растение помага да се привлече среќа и богатство во куќата.

Се верува дека ловоровиот лист е „моќен талисман“ на финансиската благосостојба и дека на овој начин ќе привлечете пари.

Урми

Постои приказна дека доколку ја ставите семката од првата урма што ќе ја изедете во новата година во вашиот паричник, таа ќе симболизира благосостојба и плодност.

Среќна паричка (или банкнота)

Ова може да биде банкнота што сте ја добиле од пријател кој ви купил паричник или девизи што ве потсетуваат на убаво патување, како и банкнота што ви ја подарила некоја драга личност.

Може да бидат и пари што ќе ги заштедите и потоа ќе ги користите како симбол за подобрување на вашите финансии.

Важно е оваа банкнота да има посебна вредност за вас, не материјална, туку да ве асоцира на нешто позитивно.

Детелина со четири листa

Во паричникот можете да чувате и детелина со 4 листа, која ви ја подарил некој близок или пак самите сте ја нашле.

За да трае подолго, ставете ја детелината помеѓу парче хартија или проѕирна ќесичка и чувајте ја како талисман за среќа во вашиот паричник.

Кинески фенг-шуи монети

Се нарекуваат уште и монети Ај-Чинг, а за да функционираат ви треба група од 3, 6 или 9 монети кои треба да се врзат со црвен конец.

Освен што привлекуваат изобилство, овие монети се сметаат за амајлија која носи среќа и општа благосостојба. Многу од нив висат во домовите, канцелариите, автомобилите, а можете да ги носите и во вашиот паричник.

(О)Милена | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
Низ илустрации: Застарени верувања кои треба да ги оставиме во минатото Мажот не смее да стапне во кујна бидејќи готвењето е женска работа и уште 7 заст...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg