Кујната е постојано валкана, ве боли грбот: Проблемите на возрасните за кои не бевме подготвени

Со какви проблеми сте соочиле како возрасна личност за кои не сте помислиле дека некогаш ќе ве снајдат бидејќи никој не ви ги ни спомнал?

kolku-i-da-chistite-kujnata-e-postojano-valkana-lugje-gi-spodeluvaat-problemite-na-vozrasnite-za-koi-nikoj-ne-gi-podgotvil-01.jpg

Во детството сите си го замислуваме совршениот живот – имаме безброј желби и цели и мислиме дека со доволно труд ќе ги оствариме сите.

Но, штом ќе влеземе во светот на возрасните, ни станува јасно дека работите се многу поразлични.

Поради ова, буквално сите се соочиле со проблеми и предизвици за кои никој не ги предупредил.

На Reddit има интересна дискусија на оваа тема откако еден корисник го поставил прашањето „За кој проблем на возрасните не ве подготвил никој?“.

Во продолжение дел од најинтересните одговори:

„Колку е скапо сè. Како мал мислев дека секогаш ќе можам да си го дозволам она што сакам, но излезе дека не е така. Морав да научам да штедам за работите што ги сакам и на почетокот ми беше навистина тешко“.

„Имам скоро 50 години. Ќе беше убаво да бев подобро подготвен за некои од промените на телото за коишто не се зборува. На пример, забите можат малку да се искриват поради стареењето на непцето“.

kolku-i-da-chistite-kujnata-e-postojano-valkana-lugje-gi-spodeluvaat-problemite-na-vozrasnite-za-koi-nikoj-ne-gi-podgotvil-02.jpg

„Немам воопшто слободно време или време само за себе. Постојано или работам, или сум со децата, а кога имам слободно време гледам да се наспијам. Мислам дека севкупно имам само половина час дневно за себе“.

„Секој ден треба да правам вечера! Како дете, сакав да правам вечера за целото семејство. Уште сакам да готвам, но по 13-часовна смена ова може да биде тешко“.

kolku-i-da-chistite-kujnata-e-postojano-valkana-lugje-gi-spodeluvaat-problemite-na-vozrasnite-za-koi-nikoj-ne-gi-podgotvil-03.jpg

„5.000 долари се многу ако ги должите некому, но малку ако се ваши“.

„Имам слобода да останам буден до многу доцна, но не би требало“.

kolku-i-da-chistite-kujnata-e-postojano-valkana-lugje-gi-spodeluvaat-problemite-na-vozrasnite-za-koi-nikoj-ne-gi-podgotvil-04.jpg

„Додека сте на училиште, мислите дека нема да се справувате со озборување и малтретирање кога ќе пораснете. За жал, ова не е точно“.

„Зошто постојано ме боли грбот? И, зошто почнаа да ми растат влакна во ушите и носот?“

kolku-i-da-chistite-kujnata-e-postojano-valkana-lugje-gi-spodeluvaat-problemite-na-vozrasnite-za-koi-nikoj-ne-gi-podgotvil-05.jpg

„Не знаев дека многу возрасни се како тинејџери и е практично невозможно да се разберете со нив користејќи логика“.

„Кујната е постојано валкана. Дури и ако ја чистите трипати дневно“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg