Го прославивме празникот Вера, Надеж и Љубов – што симболизираат имињата?
Празникот на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија во православието е пандан на католичкиот Свети Валентин.
Ова е празник на љубовта и надежта, но и вербата која никогаш не смеете да ја изгубите. На овој ден именден празнуваат: Софија, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубица…
Но, што симболизираат трите главни имиња – Вера, Нада и Љубица?
За значењето на името Вера повеќе може да прочитате ТУКА.
За значењето на името Нада/Надица повеќе може да прочитате ТУКА.
Што се однесува до името Љубица, станува збор за традиционално, словенско, односно српско име. Се смета дека името потекнува од придавките „љубена“, „љубезна“ или од зборот „љубимица“ што во превод означува „миленичка“.
Според друга теорија пак, името „влече“ корени од цветот „љубичица“, па преносното значење е – жена која е убава како виолетов цвет.
Ова име родителите најчесто им го давале на децата чие раѓање го очекувале многу долго. Тие се карактеризираат како весели, љубезни, многу оптимистични, искрени и комуникативни личности. Се смета дека се миленички на родителите, но и многу разгалени.
Доколку имате некоја Љубица која ви е драга во животот, или пак Вера или Надица, означете ги во коментар и посакајте им убав викенд.
(О)Милена | Црнобело