Верба, вистина – значењето на името Вера
Вера е женско име со словенско потекло. Во буквална смисла значењето е токму тоа – вера (во некој, нешто), верба, вистина. Името има и латинско потекло, односно потекнува од зборот „Vera“ – вистина. Најпознатите варијации на името: Верица, Верче, Верка.
Кога Вера празнува именден? Денот посветен на маченичките Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија се празнува на 17 септември (по стар стил), т.е. 30 септември (по нов стил).
Кога луѓето ќе го слушнат името Вера, потсвесно си го поврзуваат со верување во нешто, верба, па дури и надеж. Самото име има ефект на длабокоумност, сериозност, отменост и рафинираност.
Доколку се викате Вера многу веројатно е дека сте грациозни, мошне великодушни и одмерени. Имате позитивен став кон животот и секогаш со внимание и многу трпение успевате да го сослушате соговорникот.
Дали ја препознавте вашата омилена Вера во овие карактеристики? Означете ја во коментар и посакајте ѝ убав викенд.
(О)Милена | Црнобело