„Верба во подобро утре“ – Значењето на имињата Надица и Нада

Надица (и изведенките Нада, Надежда, Надја) се имиња со словенско потекло. Постојат две основни етимолошки хипотези кои се поврзани со потеклото на женското име Надица/Нада. 

Znacenjeto-na-Nada-i-Nadica-01.jpg

Првата е словенската, од зборот нада/надеж што значи – да веруваме, да се надеваме, дека постои верба, дека има надеж, желбата да се постигнат некои цели или соништа.

Другата теорија е дека името Надица/Нада е изведено од арапскиот збор, односно името „Nadiyya“ со значење: благородна, љубезна, дарежлива, добродушна, мила.

По дефиниција, самиот корен на зборот „надеж“ претставува позитивно размислување или верување во позитивен резултат и решение во кое било поле од животот.

Нумеролошката вредност за името Надица е 6. Луѓето коишто го носат ова име најчесто се пронаоѓаат во професијата уметник, музичар и поет. Тие се шармантни и симпатични, но исто така и малку нестабилни. Тие ја сакаат убавината и ги интересираат луѓето и природата.

Нада значи „таа што верува“, „личност која е позитивна“, „онаа што е добра, благородна и дарежлива“, „онаа што не губи сила и волја“, „жена која носи верба во подобро утре“…

Доколку и вие имате ваква Нада или Надица која ви носи светлина, позитивна енергија и надеж во животот, означете ја во коментар и посакајте и убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg