Ја нарекуваат Златокоса и Елса – 27-годишната Џоси има коса долга цели 120 сантиметри (фото)

Ја нарекуваат „Златокоса“ затоа што со долгата коса до колениците потсетува на познатиот лик од детската бајка на браќата Грим. Џоси Оди има 27 години и е мајка на едно дете. Таа ги открива своите тајни за негуваната коса што кај неа стига до под колениците, односно има должина од 120 сантиметри.

Ja-narekuvaat-Elsa-i-Zlatokosa-Koja-e-nejzinata-tajna-za-zdrava-i-neguvana-kosa-do-pod-kolenicite-01.jpg

Џоси е домаќинка што се грижи за 4-годишниот син Роко, а открива дека ја расте косата цели десет години. Прекарот „Златокоса“ често го слуша кога ќе излезе на улица. Имало мигови кога сосема непознати луѓе од неа барале да се маскира во познатиот лик од бајките за детски забави.

Таа појаснува дека одлуката да ја расте косата дошла сосема случајно. Пред една деценија почнала да ја расте косата за да види колку долга ќе порасне. Во моментов нејзината коса е со импресивна должина од 120 сантиметри и достига до под колениците.

„Пред околу 10 години косата ми беше до рамениците и само одлучив дека ќе се обидам да ја израснам и да видам колку долга може да ја чувам. Мислам дека не очекував дека ќе биде толку долга, но навистина се грижев за неа, па така таа само расте. Сега сите ме знаат како 'девојката со долгата коса'.

Не можам да се замислам себеси со боб фризура. Нема да се чувствувам нормално. Ќе продолжам да ја растам за да видам колку може да порасне. Би сакала да се обидам да ја пораснам токму до подот, за да не ми се случи да застанам на неа или да се сопнам од неа“ – вели Џоси.

Нејзината долга коса некогаш ѝ носи и непријатности. Џоси признава дека понекогаш ѝ се случува таа самата или нејзиниот партнер Адам да седнат на нејзината коса и тоа е мошне болно за неа.

Што се однесува до споредбите со ликовите од бајките и од цртаните филмови, Џоси вели дека на секое излегување ѝ се случува по најмалку 20 пати да ја застанат и да ја прашаат за косата. Најчесто ја прашуваат дали има екстензии и најчесто никој не ѝ верува дека тоа е нејзината природна коса.

„Веќе се навикнав да ме застануваат и да ме прашуваат за косата. Но за моите пријателки е вознемирувачки тоа што луѓето постојано нè застануваат“ – вели таа.

„Мојата коса често привлекува внимание и кај малите девојчиња што ме споредуваат со Златокоса или јунаците од Frozen. Дури ми се случило некои мајки да ме прашаат дали би се појавила како Златокоса на забавите на нивните деца, што мислам дека е смешно. Не би имала самодоверба да направам нешто такво“.

Кога станува збор за тајните за негуваната коса, таа открива дека избегнува да ја изложува на топлина и ја мие еднаш до двапати неделно со цел да ги зачува природните масла. Според неа, она што навистина придонело за побрз раст на нејзината коса е тоа што редовно ја крати.

„На секои два месеци кратам околу 1,5 сантиметри и тоа навистина прави разлика. Косата ми расте дури и повеќе по секое кратење. Ми се допаѓа тоа што мојата коса е здрава, затоа што кога ќе видите некои луѓе со долга коса, можете да забележите дека врвовите им се раздвоени или неуредни.

Кога ќе ја погледнете мојата коса, ќе видите дека е еднакво исечена и целосно е во една должина. Нема прекини, ниту раздвоени врвови. Ќе ја растам сè додека е здрава“ – вели Џоси.

Таа признава дека големата должина особено ѝ пречи во летниот период, кога се чувствува како да има ќебе на грбот.

„Нема да ја скратам сè додека не остарам за да имам толку долга коса и не почнам да изгледам смешно. Мислам дека косата ме прави своја во моментов“ – вели таа.

Повеќе фотографии од Џоси во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg