„Мислат дека внукот ми е син, а ќерка ми сестра“ - жена од Сиднеј се соочува со интересни коментари
Жена од Сиднеј има две големи ќерки, за кои луѓето мислат дека ѝ се сестри. Која е мајката, кои се ќерките?
Кејси со внукот и двете ќерки (десно)
Кејси Мари Секолд од Сиднеј е баба на 1-годишниот Ештон, но поради тоа што станала баба на млади години, а и има младешки изглед, многумина мислат дека таа му е мајка.
35-годишната Кејси има две ќерки и тоа 18-годишната Накита, чиј син е Ештон, и 19-годишната Анализ.
„Кога сум излезена со Ештон и со неговата мајка Накита луѓето мислат дека јас сум му мајка и на мене ми се обраќаат, а пак за Накита мислат дека ми е сестра, а не ќерка.“
Кејси станала баба многу порано од другите, но вели дека и таа самата многу рано се изреализирала во улогата на мајка, па ја разбира ќерка си.
„Јас многу добро знам како е да се биде млада мајка и кои се предизвиците.
Убаво е што имате многу енергија за да го држите темпото на децата и убаво е што ги разбирате кога се тинејџери, затоа што уште добро се сеќавате на вашите тинејџерски години. Двете мои ќерки во мене гледаат пријател и секогаш ми се обраќаат за совет.
Но, од друга страна тешко е да се биде млада мајка затоа што додека вашите пријатели шетаат и патуваат, вие имате обврски дома“, вели Кејси.
Интересно е што и Кејси има млада мајка. Таа ја родила Кејси на само 21 година.
Kejси со мајка ѝ (десно)
Кејси открива дека кога луѓето ја прашуваат дали би сторила нешто поинаку во животот таа им вели „не“ и објаснува дека навистина ужива во улогата на млада мајка и баба.
Kejси со постарата ќерка Анализ (десно)
С. С. | Црнобело