Мајка на 6 деца за време на карантинот си го истетовирала речиси целото тело

38-годишната мајка од Лондон вели дека наредно планира да го истетовира лицето, без разлика што околината ја суди за потезите.

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-01.jpg

Никола Суливан (38) од Лондон е мајка на 6 деца, која за време на пандемијата се забавувала така што ставила низа тетоважи на своето тело.

„Имав неколку тетоважи на телото во минатото, но знаев дека еден ден ќе се прекријам цела со тетоважи. Минатата година периодот на карантин го минував дома со братучед ми кој е тату артист и за 2 ипол недели тој го трансформираше моето тело“.

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-02.jpg

Суливан открива дека првата тетоважа на своето тело ја ставила на 17-годишна возраст и тоа било Ѕвончица на нејзиниот грб.

„Бев дете и кога ја избрав таа тетоважа не помислив дека таа ќе биде на мене до крајот на животот.“

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-07.jpg

Втората тетоважа ѝ била името на нејзината ќерка на ногата на кинески. Потоа ставила уште неколку во емоционални мигови како тогаш кога го изгубила татко ѝ.

„Кога сум емотивна и вознемирена тетоважите ми се омилен начин за процесирање на моите емоции, па така кога започна пандемијата почнав да чувствувам анксиозност и ова беше мој начин за справување со ситуацијата“, вели Суливан која додава дека нејзиниот братучед ја тетовирал внимателно и посветено, а еднаш ја тетовирал 11 часа непрекинато.

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-05.jpg

Суливан додава дека се случува на улица луѓето да ѝ дофрлаат непријатни коментари и да ја осудуваат, но дека таа не планира да сопре и желба ѝ е во иднина да си го истетовира и лицето.

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-08.jpg

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-06.jpg

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-04.jpg

majka-na-6-deca-za-vreme-na-karantinot-go-istetovirala-rechisi-celoto-telo-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg