„Третманот е одличен, но внимавајте каде го правите“ – Инфлуенсерка отворено прозборе за лошото искуство со ботокс

Витни од Чикаго двапати годишно оди на третман со ботокс, но неодамна добила несакана реакција. Таа вели дека ова нема да ја натера да се откаже од ботокост, но следниот пат внимателно ќе одбере кај кого ќе го прави, а ги советува и нејзините следбеници да бидат претпазливи.

tretmanot-e-odlichen-no-vnimavajte-kade-go-pravite-influenserka-otvoreno-prozbore-za-loshoto-iskustvo-so-botoks-01.jpg

Витни Буха е инфлуенсерка од Чикаго која отворено кажува дека двапати годишно става ботокс. За разлика од повеќето инфлуенсерки кои кријат дека одат на слични третмани, Витни со задоволство го споделува нејзиното искуство, а следбениците ја сакаат токму поради искреноста.

Откако наполнила 30 години, Витни решила да проба ботокс, па сега оди на третман двапати годишно. Но, од последниот третман добила несакана реакција, па сега апелира до нејзините следбеници да внимаваат кај кого ќе ги прават ваквите третмани.

tretmanot-e-odlichen-no-vnimavajte-kade-go-pravite-influenserka-otvoreno-prozbore-za-loshoto-iskustvo-so-botoks-0304.jpg

Витни била во салон за убавина во близина на нејзиниот дом, каде што ѝ направиле третман со ботокс. Следното утро младата жена забележала дека левата веѓа ѝ е малку спуштена, па после шест дена повторно отишла во салонот за да го средат проблемот. Но, кога Витни се погледнала во огледалото после овој третман забележала дека нејзиното лево око е делумно затворено и не можела да го отвори.

Витни мислела дека проблемот ќе се исправи сам, но по неколку денови забележала дека ѝ се замаглува видот. Тогаш почнала да паничи и да стравува дека можеби ќе го изгуби видот, но кога се консултирала со лекар, тој ѝ кажал дека проблемот не е опасен.

Бидејќи Витни е инфлуенсерка и секојдневно објавува снимки и видеа, на почетокот го покривала окото со косата. Сепак, решила да го сподели искуството со следбениците, најмногу за да ги натера внимателно да одберат каде ќе прават вакви третмани.

„Ова е засрамувачко и ми влијае врз самодовербата, но веќе кога не можам да направам ништо, зошто да не се шегувам за тоа?“

View this post on Instagram

A post shared by Whitney Buha (@somethingwhitty)

Штом им кажала на следбениците дека имала мала незгода со ботокс, тие веднаш почнале да ја прашуваат што точно се случило, па Витни ја споделила целата приказна.

„Луѓето се многу заинтересирани и сакаат да знаат што се случува“, вели таа.

Кога Витни сфатила дека ќе нема сериозни последици од реакцијата, почнала и да се шегува на своја сметка. Следбениците, пак, се восхитени од нејзината искреност.

tretmanot-e-odlichen-no-vnimavajte-kade-go-pravite-influenserka-otvoreno-prozbore-za-loshoto-iskustvo-so-botoks-02.jpg

Наводно, оваа реакција на третман со ботокс се случува ретко и настанува кога течноста од ботоксот завршува во мускулот што го контролира очниот капак. Витни се консултирала со пластичен хирург и неколку лекари, па сега користи терапија со капки. Лекарите ѝ предложиле да направи уште еден третман со ботокс, бидејќи наводно ќе ѝ помогнел.

Витни вели дека го направила и тој третман и окото ѝ било подобро, а во меѓувреме користи и други третмани, како нежна масажа на капакот, за да го забрза закрепнувањето.

tretmanot-e-odlichen-no-vnimavajte-kade-go-pravite-influenserka-otvoreno-prozbore-za-loshoto-iskustvo-so-botoks-03.jpg

Младата жена открива дека ѝ се допаднале шеговитите коментари на нејзина сметка, но и дека ова искуство нема да ја натера да се откаже од ботоксот. Наместо тоа, сега повнимателно ќе избира каде ќе го прави, а ги советува и следбениците да внимаваат на тоа.

„Ако сакате ботокс, направете го кај искусна и проверена личност и не грижете се. Според мене, изгледа одлично и прави да се чувствувам многу подобро“, вели таа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg