Вилијам и Кејт се кријат зад Дафне Кларк и Дени Колинс - тајните имиња и кодови на британското кралско семејство
Ако ја следите „The Crown“ на Нетфликс, веројатно веќе ви се познати некои од кодираните имиња кои ги користи британското кралско семејство.
Во една од епизодите кога мислат дека принцот Чарлс е мртов, се дознава неговото тајно име за ваков тип ситуација: „Operation Menai Bridge“. Мостот Менаи е име на висечкиот мост во Велс, па од таму и оваа логика за смртта на принцот од Велс.
Ова се останатите тајни имиња и кодови на кралското семејство:
Кралицата Елизабета II
Има неколку различни „кодирани“ имиња. Кога излегува во јавност, а полицијата и војската се задолжени за нејзината безбедност кодираното име ѝ е Шерон. Кога обезбедувањето комуницира со пораки, ја нарекуваат само „S“ (ес).
Кога би била во прашање нејзината смрт би се користел кодот – „Operation London Bridge“ (Лондонскиот мост се сруши).
Принцот Филип
Војводата од Единбург, кој има 99 години, кога ќе почине, името кое ќе се користи за неговиот погреб ќе биде Operation Forth Bridge, токму по мост во Единбург, Шкотска.
Војводата и војвотката од Кембриџ
Вилијам и Кејт имаат псевдоними кои ги користат кога одат на одмор или на кралска турнеја. Познати се како Дафне Кларк и Дени Колинс.
Двете имиња имаат иницијали „DC“ што значи војвода / војвотка од Кембриџ.
Хари и Меган Маркл
Пред да го напуштат кралското семејство биле познати како Давина Скот и Дејвид Стивенс.
Принцот Чарлс
Принцот Чарлс има три различни кодирани имиња. Првото е Еднорог (Unicorn) кое го користел во 70-тите. Ако стане крал, ќе го користи името „Operation Golden Orb“. При негова смрт, би се користел кодот „Operation Menai Bridge“.
Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм