Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Весна, Ирис и уште 3 прекрасни женски имиња кои симболизираат пролет

Од пролетта нè дели еден месец и сите ја очекуваме со нетрпение. Сезоната на нови почетоци, на будењето на природата, на сончевите зраци и стоплувањето.

5-zenski-iminja-koi-simboliziraat-prolet-01.jpg

Но, дали сте се запрашале кои македонски имиња симболизираат пролет? Откријте веднаш:

Весна на руски означува буквално „пролет“. Таа воедно е и старословенска божица на младоста и пролетта, за која се верува дека владеела со сончевата топлина, а со самото тоа влијаела и на почетокот на пролетната сезона.

Лада е ќерката на Весна, божица на летото, љубовта и убавината. Нејзиното владеење се зајакнува со зголемувањето на сончевата енергија.

Ирис, според грчката митологија, е божицата на виножитото. Таа секогаш е прикажана како прекрасна, млада жена облечена во разнобојни фустани.

Маја, која во својата основа буквално го содржи месецот „мај“, е римската божица на полињата и плодовите, а сето ова е неминовно поврзано со пролетта.

Анастасија потекнува од грчкиот збор Анастасиас, што значи повторно раѓање, воскреснување и преродување. Анастасија слави именден на Велигден, еден од најубавите пролетни празници, а самото име симболизира нов почеток, преродба, она по што е познато првото годишно време.

Доколку познавате некој што ви значи, а носи некое од гореспоменатите прекрасни имиња кои ја најавуваат пролетта, означете ја во коментар и посакајте ѝ убав викенд.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Предлог имиња за бебиња кои родителите долго чекале да ги добијат Имиња кои во себе носат значење божји дар, имиња кои означуваат победа или радос...
Првото дете им почина, се венча со друга жена 6 недели по разводот: Детали за првиот брак на Илон Ма... „Имавме огромна куќа со послуга. Одевме на гала свечености и седевме на најдобри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg