Секоја девојка би посакала ваков татко – Мајкл ѝ шие тренди облека на својата 9-годишна ќерка (фото)
Со намера да се зближи со неа, но и да ѝ ја зголеми самодовербата, еден 36-годишен татко почнал да ѝ шие облека на својата мала ќерка, а резултатот се тренди модни комбинации што би ги посакало секое девојче.
Шиењето е една од најголемите страсти на Мајкл Гарднер од Филаделфија, САД, а почнал да го учи овој занает во 2014-та. Тогаш неговата ќерка имала 3 години, па тој решил да шие облека за неа.
Мајкл почнал да прави негови оригинални дизајни, но и да прави нови парчиња од облека купена на старо. Кога сфатил дека ова е проект во кој уживаат и тој, и неговата ќерка, креативниот татко направил и Инстаграм профил и блог наречен Daddy Dressed Me (тато ме облече).
Досега Мајкл има направено над 200 модни парчиња за неговата ќеркичка Ава и веќе е хит на Инстаграм – неговиот профил го следат околу 20.000 луѓе.
„Мојата мисија е да ѝ помогнам на Ава да си ја изгради самодовербата и да почне да верува во нејзините способности. Јас ја шијам облеката, а Ава е модел. Учев со правење грешки, гледав туторијали онлајн и само почнав да шијам“, напишал Мајкл на неговиот блог.
Мајкл знаел дека е креативна личност уште во детството и барал разни начини да ги покаже неговите таленти – пишување поезија, уредување ентериер, сликање, фотографија, готвење… Но, кога го открил шиењето, сфатил дека тоа е негова најголема страст.
Мајкл споделува и дека го започнал проектот со ќерка му поради неговото лошо искуство во детството. Имено, тој секогаш се чувствувал игнорирано од неговиот татко и си рекол дека никогаш нема да дозволи неговите деца да се чувствуваат така.
https://www.instagram.com/p/CJgTJuSFMHo/
„Сакав да се осигурам дека таа ќе верува во себе, дека ќе се сака и дека ќе верува во нејзините способности – работи со кои јас имав проблеми во детството“, вели тој.