„Ми рекоа дека нема да доживеам 30 години“ – инспиративната приказна на девојка која ја победила зависноста од храна
Алис од Австралија била зависна од храна, но воопшто не била свесна дека животот ѝ е во опасност. Алис Толеман сфатила колку е сериозна нејзината ситуација, откако лекарот ѝ рекол дека ако продолжи вака, мали се шансите да го дочека 30-иот роденден.
Алис се справувала со зависност од храна, а ова го криела од сите, особено од семејството и блиските пријатели.
Алис, која живее во Мелбурн, Австралија, била во тинејџерските години кога почнале нејзините проблеми со прејадувањето. Во текот на следните неколку години, нејзината тежина драстично се зголемила.
„До денес луѓето не сфаќаат колку беше сериозна мојата зависност. Се искрадував до супермаркети, продавници – каде било каде што можев да купам многу чипсови, бисквити, чоколада…“
Неретко Алис ги лажела родителите дека ќе излезе на вечера со пријателите и дека ќе јаде здрава храна, кога всушност одела во McDonald’s и јадела цел семеен оброк.
„Семејниот оброк се состои од четири хамбургери, четири порции помфрит и четири пијалаци. Седев сама во McDonald’s, уживав во јадењето и ѝ подлегнував на зависноста“, се присетува Алис.
Младата девојка си имала и тајна резерва на храна во собата.
„Омиленото нешто ми беше да седам сама во собата и да се прејадам, потоа да дремнам, па да го повторам целиот процес откако ќе се разбудам“.
Алис вели дека често ги лажела пријателите дека има обврски и не може да излегува, само за да седи дома и да јаде.
Уште полошо е што таа сметала дека ова е нормален начин на живот – мислела дека се справува со емоционални проблеми, и дека не е ништо страшно што се прејадува поради тоа. Девојката нагласува дека воопшто не била свесна колку деструктивно било нејзиното однесување.
Во 2015-та Алис запознала девојка која направила операција на желудникот и успеала драстично да ослабе. Покрај операцијата, девојката вежбала и се хранела здраво, па Алис почнала да размислува дали и таа ќе може да го постигне истото.
„Кога ги видов резултатите на девојката со свои очи, операцијата на желудникот ми звучеше како сè подобра идеја“.
Имено, матичниот лекар на Алис веќе ѝ предложил ваква операција, но таа го одбила. За среќа, искуството на девојката ја мотивирало повторно да оди да се консултира со нејзиниот лекар. А, токму на таа консултација, Алис сфатила дека веќе има сериозен проблем со дебелината.
„Лекарот ми рече дека ако продолжам вака, ќе биде чудо ако го доживеам 30-иот роденден. Ова беше огромен шок за мене и помислив дека немам друг опција освен операција на желудникот. Па, закажав операција за октомври 2015-та“.
Сепак, ова не било решение за нејзината зависност од храна, па кога си отишла дома, истата вечер изела две големи пици.
„Навистина сакав да направам промена, но зависноста не ми го дозволуваше ова“.
Лекарот ѝ нагласил дека самата операција нема да го реши целиот проблем и ќе мора да се потруди за да види позитивни резултати.
На 21 година Алис ја направила операцијата и нејзиниот апетит се намалил. Веднаш потоа почнала да го подобрува нејзиниот однос со храната, но и да вежба.
„Со операцијата ми го направија желудникот помал за полесно да ја контролирам големината на порциите. Никогаш нема да го кријам фактот дека направив ваква операција, бидејќи со тоа си го спасив животот. Не ми е срам да кажам дека имав помош“.
Откако направила промена, Алис успеала да ослабе над 68 килограми и вели дека сега има многу поздрава врска со храната:
„Не бројам калории, јадам кога сум гладна, престанувам со јадење кога ќе се почувствувам сито, а секогаш внесувам здрава и вкусна храна. Морав да се натерам да ја гледам храната како извор на енергија и да престанам да јадам кога се чувствувам тажно и лошо“.
Алис си направила и Instagram профил на кој споделува детали од нејзиниот искуство, и веќе има над 130.000 следбеници.
„Сега целта ми е да ги инспирирам и мотивирам другите, покажувајќи им на луѓето како се справував и како ја победив дебелината“, вели таа.