Девојка потрошила 100.000 евра на пластични операции – сака да биде „бел змеј со сини очи“
Скандалозна девојка од Австралија прави ризични модификации на телото за да личи на змеј. Уште една бизарна опседнатост...
Амбер Лук (25) од Австралија е жена која дала повеќе од 100.000 евра за пластични операции и модификации на телото за да личи на „бел змеј со сини очи“.
Таа има јазик поделен на половина, импланти во градите, задникот, низа тетоважи, модификации на ушите и што уште не.
Амбер вели дека се мразела во поголем дел од животот и дека по трансформациите е горда на себе. Таа смета дека е горда жена која знае што сака.
Еден од најризичните зафати е што што си ги направила очните јаболка сини, процес кој можел да доведе дури и до слепило.
Како изгледа скандалозната Амбер:
С. С. | Црнобело