Жртвувани 40 девици за да му овозможат задоволство во задгробниот живот – 3 владетели кои заминале „со стил“

Сите сме ја слушнале фразата „сигурно нема да ги земеш работите со себе во гробот“, но се чини дека некои владетели во историјата го докажале токму спротивното.

3-vladeteli-koi-zaminale-so-stil-01.jpg

Целото богатство, заедно со слугите и војската биле погребани заедно со нив, за да може нивниот раскошен живот да продолжи и по смртта. 

Кои владетели низ историјата заминале „со стил“ во задгробниот живот?

Кралицата Пуаби од сумерскиот град Ур

Многу малку се знае за кралицата Пуаби од градот Ур, освен што живеела и починала некаде во 26 или 25 век п.н.е.

Кога нејзиниот гроб бил откриен во дваесеттите години од минатиот век, во него биле пронајдени мноштво богатства како и останки од луѓе. Гробницата на оваа кралица се смета за една од највредните во светот.

Помеѓу артефактите имало и раскошен украс за глава направен од златен лист, чешел изработен од суво злато, фустан покриен со накит, како и многу други вредни предмети.

Се разбира, Пуаби не заминала сама во задгробниот живот. Заедно со неа биле погребани 52 службеници за коишто било откриено дека се отруени, но сè уште не е сигурно дали биле затруени доброволно или под присила.

3-vladeteli-koi-zaminale-so-stil (3).jpg

Кинескиот император Ч’ин Ших Хуанг Ти

Во кинеската култура смртта и умирањето се перципираат како само уште една фаза од животот. Затоа, не е ни чудо што императорите и другите благородници имале специјални гробници дизајнирани да отсликуваат богатство и просперитет.

Некои гробници биле толку сложени што започнувале да се градат истиот ден кога бил крунисал императорот. Таков е случајот со императорот Ч’ин Ших Хуанг Ти. Изградбата на неговата гробница започнала кога тој бил крунисан (во тоа време имал 13 години).

Неговиот гроб бил исполнет со резерви на храна и луксузен прибор за јадење, домашни миленици – и секако (мртви) слуги.

За среќа, повеќето од неговите слуги и животни на крајот биле поштедени и заменети со светски познатата армија Теракота.

Практиката на жртвување на луѓе и животни на крајот целосно исчезнала благодарение на континуираните приговори на истакнати филозофи, како што е Конфучие.

3-vladeteli-koi-zaminale-so-stil (1).jpg

Монголскиот владетел Џингис Кан

Сите сме слушнале за него – најстрашниот владетел на 13 век кој (буквално) оставил прашина и пепел зад себе. Селата и градовите низ кои минувал Џингис Кан останале опустошени, бидејќи по негова наредба сите морале да бидат уништени, дури и лебарките.

На 18 август 1227 година, телото на Џингис Кан го придружувале дури 2.500 следбеници и 400 телохранители (војници).

Кога поворката пристигнала на зафрлено планинско место во Монголија, биле убиени 40 девици за да му овозможат задоволства на Кан во задгробниот живот. Потоа, на крајот на погребната церемонија, 400-те војници ги убиле сите 2.500 членови на поворката.

Кога 400-те војници се вратиле во главниот град, веднаш биле убиени од друга група војници, така што никој не можел да открие каде се наоѓа последното почивалиште на големиот Џингис Кан. Сепак, некој го преживеал овој масакр – камила.

Една камила останала жива затоа што знаела како да дојде до гробот. Доколку семејството сакало да го посети гробот на големиот Џингис Кан, камилата можела да ги однесе дотаму.

При посетата на гробницата, членовите на семејството морале да одат со превез на очите, затоа што доколку виделе каде точно се наоѓа гробницата, веднаш ќе биле погубени.

3-vladeteli-koi-zaminale-so-stil (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg