Работи што не треба да ги правите на плажа во време на пандемија
Иако можеби овогодишните планови за летување ви пропаднаа, барем постои можност да отидете на плажа.
Но, само затоа што некои плажи се отворени, не значи дека пандемијата завршила и дека опасноста е зад нас.
Ова лето треба да бидете особено внимателни кога излегувате од дома, без разлика каде одите, а овде спаѓа и одењето на плажа.
Затоа, погледнете што не смеете да правите на плажа додека трае пандемијата:
Не правете гужва
Полните плажи можат да бидат одлично место за шиење на вирусот, па избегнувајте ги гужвите по секоја цена.
Најдобро е да не посетувате попопуларни плажи на кои има многу народ, а кога ќе стигнете на плажата, осигурете се дека ќе ја поставите лежалката или крпата на безбедно растојание од другите.
Немојте да одите кога има најмногу гужва
Обично плажите се најполни на пладне, па подобро избегнувајте да ги посетувате во овој период од денот.
Можете да одите на плажа рано наутро, кога нема речиси никој, а можете да одите и навечер – ако сте со партнерот, нема да најдете поромантично место.
Не ја заборавајте заштитната маска
Не залудно ни повторуваат колку е важно носењето заштитни маски, а истите правила важат и на плажа. Да, маските можеби се неудобни, особено кога времето е топло, но ако сакате да се заштитите и себеси и вашите најблиски, носете ги и на плажа.
Истовремено, осигурете се дека ќе понесете и резерва, во случај да ја извалкате или да ја изгубите маската.
Не ја носете маската во вода
Ова можеби е контрадикторно со претходното правило, но од Центарот за контрола на болести препорачуваат да не носите маска додека пливате. Причината е тоа што маската речиси сигурно ќе се намокри и нема да можете да ја носите, а дишењето преку неа ќе биде многу потешко.
Додека сте во вода треба да уживате и да дишете правилно, но затоа, не заборавајте да држите растојание дури и кога сте во вода.
Не одете со голема група
Тешко е да одолеете на дружбите на плажа со пријателите, но годинава подобро воздржете се од тоа.
Одете на плажата со што е можно помалку луѓе, а држете растојание од останатите луѓе.