Работи што не треба да ги правите на плажа во време на пандемија
Не ги игнорирајте мерките
Добро проверете кои мерки треба да ги почитувате на плажата на којашто ќе одите и држете се до нив – кога е отворена плажата, колку луѓе може да има во една група и слично.
Не ги заборавајте средствата за дезинфекција
На плажата можеби ќе немате вода и сапун, но секогаш можете да понесете средство за дезинфекција на раце. Само осигурете се дека ќе ги отстраните песокот и кремовите за сончање од рацете пред да го нанесете средството.
Немојте да „висите“ по продавници
Продавниците и тезгите покрај плажите можат да бидат навистина забавни, но оваа сезона избегнувајте ги.
Обично овде се создава многу метеж, што е многу поволно за ширење на вирусот.
Немојте да делите храна или што било
Ова лето бидете и малку себични и немојте да ја делите храната, пијалаци или што било со другите. Купувајте храна само за вас, а немојте да користите и туѓа опрема, како маски за нуркање, крпи, лежалки...
Ако изнајмувате лежалка, добро дезинфицирајте ја пред да ја користите и ставете крпа.
Не претерувајте со алкохол
Нема подобро освежување од коктел или пиво додека сте на плажа, но обидете се да бидете умерени. Сите знаеме дека ако испиеме некоја чашка повеќе се однесуваме помалку одговорно, а со ова го зголемувате ризикот да ги прекршите мерките и да се заразите.
Не оставајте отпад
Ова е правило што треба да важи и кога нема пандемија - пред да си одите од плажата, соберете ги сите ваши работи, вклучувајќи го и отпадот. Во никој случај не ги оставајте маските каде било освен во канта.
Спирова С. | Црнобело