Поради бомба ги изгубила родителите и ѝ ги ампутирале нозете, сега е првак во пливање
Хевен порачува дека нема поента да се нервирате за работите кои не можете да ги промените и дека треба да уживате во животот.
Хевен Шепард (17) од Мисури е вистинска инспирација за сите дека сѐ е можно и дека треба да се сакате такви какви што сте.
Таа е родена во Виетнам и сега реди успеси како пливач на Параолимпијадата.
Хевен била посвоена во 2004 година од семејство од Мисури, откако доживеала ужасна незгода.
Кога имала само 14 месеци нејзиниот татко детонирал бомба за да се убие и да го убие целото семејство. Силата на експлозијата ги убила двата родители наеднаш, но Хевен од експлозијата била исфрлена на страна и преживеала.
Приказната која се крие зад потегот на татко ѝ била дека имал на страна друга жена и деца и кога мајката на Хевен дознала за тоа сакала да го остави. Тој не го дозволил тоа и ставил крај на нивните животи.
Но, бабата и дедото на Хевен раскажуваат поинаква приказна. Наводно нејзините родители поради одредени причини не можеле да се земат и затоа сакале да стават крај на нивните животи.
За жал, по бомбата, на Хевен морале да ѝ ги ампутираат нозете, но таа го прифатила предизвикот на животот, се справила одлично и сега е среќна и успешна девојка.
„Јас немам нозе, но не можам да го променам тоа дури и ако сум несреќна и ако постојано размислувам како да го променам, затоа одлучив да бидам среќна“, вели инспиративната Хевен.
Таа сака да им биде пример на другите да се сакаат и да веруваат во себе.