Им ги знаела родендените на сите – Како изгледало да се работи за принцезата Дијана?

Иако Дијана потекнува од аристократско семејство, се чини како никогаш да не припаѓала на тој свет.

kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana-01.jpg

Таа си го доби и прекарот „принцеза на луѓето“, најмногу поради учтивоста и добрината што им ги покажуваше на сите, без разлика на нивното потекло.

Сме слушале приказни дека познатите личности обично се разгалени и лоши шефови, но изгледа не можеме да го кажеме истото и за Дијана.

Па како изгледало да се работи за неа?

Дијана секогаш била отворена и пријателски настроена кон другите до тој степен, што Чарлс се жалел дека го крадела целото внимание. Таа се обидувала да ја избегне формалноста секогаш кога е можно, дури и со нејзините вработени.

kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana-02.jpg

Принцезата била и забавна личност, па често се шегувала и се смеела со луѓето кои работеле за неа. Наводно, многу ги сакала „валканите“ шеги.

kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana-03.jpg

Вработените на Дијана секогаш знаеле за нејзините планови и намери, а ова сигурно им било од помош.

kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana-04.jpg

Дијана не била најдобриот ученик на училиште и повеќе сакала креативни активности. Но сепак, имала инстинкти кои секогаш ѝ помагале да ја донесе вистинската одлука.

kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana-05.jpg

Дијана се грижела за нејзиниот имиџ и знаела како да се претстави пред јавноста. Од нејзините вработени се очекувало да го почитуваат тоа.

kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana-06.jpg

Ова е фотографија од познатото интервју на Дијана во 1995. Тогаш таа откри дека има булимија и дека се обидела да изврши самоубиство, па луѓето кои работеле за неа морале да се справат со тоа.

kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana-07.jpg

Сепак, Дијана била блиска со сите нејзини вработени – им ги помнела родендените, озборувала со нив и ги посетувала.

im-gi-znaela-rodendenite-na-site-kako-izgledalo-da-se-raboti-za-princezata-dijana.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg