Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои услови треба да ги исполнувате за да станете астронаут во НАСА?

Повеќето деца сонуваат да станат астронаути кога ќе пораснат. Обично тие забораваат на оваа желба, но постојат и оние кои успеале да ја остварат.

koi-uslovi-treba-da-gi-ispolnuvate-za-da-stanete-astronaut-vo-nasa-01.jpg

Сигурно веќе ви е јасно дека и не е така лесно да стигнете до оваа позиција, но не значи дека е невозможно.

Па, кои услови треба да ги исполнувате ако сакате да станете астронаут во НАСА?

1. Треба да бидете граѓанин на САД.

2. Треба да имате магистерска диплома од областа на инженерството, математиката, биологијата, физиката или компјутерските науки. Дипломата треба да биде од акредитирана институција.

3. Дополнителен тренинг. Ова можат да бидат барем две години пракса во вашата област после магистрирањето, или барем 1.000 часа летање со млазен авион.

koi-uslovi-treba-da-gi-ispolnuvate-za-da-stanete-astronaut-vo-nasa-03.jpg

4. Треба да бидете поканети за првиот круг интервјуа. Интервјуата се одржуваат во Johnson Space Center во Хјустон, а се повиквуаат само највисоко квалификуваните кандидати.

5. Втор круг интервјуа. Околу половина од кандидатите од првиот круг ќе бидат поканети на уште едно интервју. Одовде, од НАСА ќе одлучат кои ќе бидат кандидатите за нови астронаути.

6. Официјален тренинг. Кандидатите за нови астронаути минуваат две години во Johnson Space Center каде што поминуваат обука. Во обуката спаѓаат основни астронаутски вештини, како „вселенски“ прошетки, оперирање на вселенската станица, летање млазни авиони и контролирање роботски раце.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg