Се мажела 8 пати, се разведувала 7, носела „несреќна“ венчаница - Елизабет Тејлор била неодолива за сите мажи

Легендарната филмска дива Елизабет Тејлор од самиот почеток на нејзината кариера ги полнела таблоидите со својот бурен љубовен живот.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi-001.jpg

Се мажела 8 пати, двапати за истиот маж, а од осум брака само еден не завршил со развод.

Имала 18 години кога во 1950 година го кажала судбоносното „Да“ на Конрад Хилтон Џуниор. Набрзо сфатила дека направила голема грешка бидејќи наследникот на ланецот хотели „Хилтон“ бил насилен алкохоличар, па се развела по 8 месеци.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi01.jpg
Елизабет и Конрад Хилтон Џуниор

11 месеци подоцна се венча за нејзиниот втор сопруг, 20 години постариот британски актер Мајкл Вилдинг. Со него имаат две деца, синовите Мајкл и Кристофер, но заедничкиот живот завршува после 4 години. Разводот бил финализиран во 1957-ма година.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi01_1.jpgЕлизабет и Мајл Вилдинг

Причината за овој развод бил филмскиот продуцент Мајк Тод, за кој се омажила истата година и 6 месеци подоцна ја родила ќерката Елизабет Лиза Франсес. Среќниот брачен живот им го прекинува судбината – Тод загинал во 1958-ма во авионска несреќа.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi01_2.jpgЕлизабет и Мајк Тод

Елизабет ја наоѓа утехата во неговиот најдобар пријател Еди Фишер, кој тогаш бил оженет со нејзина блиска пријателка Деби Рејнолдс. Нивната афера предизвикала голем скандал, а Тејлор се правдала пред медиумите: „Не можете да уништите среќен брак. Ништо не зедов од Деби, затоа што таа никогаш не ни имала ништо“.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi01_3.jpgЕлизабет и Еди Фишер

Фишер се развел од Деби и се оженил за Тејлор во 1959 година, а актерката подоцна изјавила дека се омажила со него од тага, а не од љубов.

На снимањето на „Клеопатра“ 1962 година го запознала Ричард Бартон, кој во тоа време бил во брак. Започнале афера која ја откриле медиумите и Елизабет се нашла во нов скандал. Нивната прељуба јавно ја осудил и Ватикан. 9 дена откако се развела од Фишер, се омажила за Бартон во Монтреал.

На мала приватна церемонија таа носела необична венчаница, дело на костимографката Ирене Шараф – краток фустан од шифон и свила, со долги ракави во силна жолта боја. Во многу култури жолтата боја се смета дека носи несреќа и не се носи на значајни пригоди. Уште тогаш многумина зборувале дека нивниот брак е осуден на пропаст, а тоа се покажало како вистинито во 1974-та година.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi01_4.jpgПрвата венчавка со Ричард Бартон

Но, после некое време се смириле и повторно се венчале во 1975-та година. И вториот обид бил безуспешен, па во 1976-та година се случил и нивниот втор развод.

„После Ричард, сите други мажи во животов ми служеа за да ми го придржат капутот или да ми отворат врата.“– изјавува подоцна Елизабет.

Но, не тагувала долго за Ричард. Истата година се венча за нејзиниот шести сопруг, политичарот Џон Варнер. Нивниот брак завршува во 1982 година. Елизабет во меѓувреме се верила уште двапати, за адвокатите Виктор Луна и Денс Стејн, но никогаш не се омажила за ниту еден од нив.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi01_5.jpgЕлизабет и Џон Варнер

Својот последен и седми сопруг Лари Фортенски го запознала 1988 година во клиниката Бети Форд. За него се венчала во 1991 година, а тој последен брак завршил со развод во 1996 година.

se-mazela-8-pati-se-razveduvala-7-nosela-nesrekna-vencanica-elizabet-tejlor-neodoliva-za-site-mazi01_6.jpgЕлизабет и Лари Фортенски

Елизабет Тејлор почина во 2011-та година.

Прочитајте и: 9 работи кои треба да ги знаеме за љубовта - совети од искусната Елизабет Тејлор. 

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg