Црвената нишка на судбината, приказната за планината Фуџи - најубавите митови и легенди од Јапонија
Јапонците имаат безброј митови и легенди со кои се обидуваат да си го објаснат светот околу нас.
Денес знаеме дека овие приказни се само фикција, но тие сепак се забавни за читање и се полни со мудрости и животни лекции.
Во продолжение погледнете дел од најубавите јапонски легенди:
Легендата за создавањето на светот
Штом била создадена Земјата, боговите го направиле младиот пар Изанами и Изанаги и им рекле да го оформат светот, кој тогаш бил голема хаотична маса. За оваа задача им дале копје украсено со скапоцени камења.
Додека стоеле на „божествениот мост“, Изанаги и Изанами ја промешале масата со копјето. Кога го извадиле од масата, од копјето капнало малку солена вода и се формирал првиот остров. Парот одлучи ова да биде нивниот дом и овде да формираат семејство за да ја населат Земјата.
Потоа, тие ги создале и островите кои денес ја сочинуваат Јапонија.
Легендата за Сонцето и Месечината
Оваа приказна е како продолжение на претходната – Изанами умрела додека го раѓала богот на огнот. Тогаш, Изанаги се симнал во подземјето за да ја спаси неговата сакана.
Не успеал и се вратил во светот на живите, а за да се прочисти влегол во една река. Додека го миел лицето, од него излегле три богови: Аматерасу - божица на Сонцето, Цукујоми - богот на Месечината и Сусано - богот на ветрот.
Божицата на Сонцето и богот на Месечината живееле заедно на небото. Еден ден божицата го испратила брат ѝ Цукујоми да ја посети божицата на флората, фауната и храната. За да му приреди забава, божицата почнала да вади храна од нејзините нос и уста. На богот на Месечината му се згрозило од ова, па ја убил.
Тогаш неговата сестра, божицата на Сонцето, се заколнала дека никогаш повеќе нема да го види брат ѝ. Токму поради тоа Сонцето и Месечината никогаш не се сретнуваат на небото.