Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Чиста, искрена, непосредна – значењето на името Катерина

Постојат повеќе теории за значењето на името Катерина. Една од нив е дека името потекнува од грчкиот збор katharos што во превод означува „чиста“.

Znacenjeto-na-imeto-Katerina-01.jpg

Втората теорија тврди дека името потекнува од грчкото и византиското име Хаикатерина или Хекатерина, веројатно поврзано со Хеката (Хекате – божица на светот на мртвите).

Третата можна солуција е дека името потекнува од грчкиот збор ἐкавре (ekàtera), што значи „секој“.

Латинската форма на името Катерина потекнува од грчката женска придавка (katharà), што значи „чиста, искрена, непосредна“.

Според нумерологијата, лицата што го носат ова име имаат голема интуиција. Тие имаат дипломатски карактер. Никогаш нема да ги видите да изреагираат избувливо, без претходно размислување и анализа.

Работат одлично во тим и се едни од најомилените колеги на работното место. Нивната моќ на убедување е навистина голема. Храбри се, не се плашат од предизвици и непознат терен.

Емпатични, умеат да ги поддржуваат најблиските, да ги охрабрат и мотивираат. Кога луѓето ќе го слушнат името Катерина, потсвесно им се врежува пријателска, креативна, весела, компетентна и активна личност.

Означете ја вашата најсакана Катерина во коментар.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Десет имиња за бебиња со библиска симболика Душан - Потекнува од зборот „душа“, а луѓето кои го носат ова име слават именден...
Женско име за кое нема прекар, а девојчињата кои го добиваат ги следи среќа цел живот Ако сакате вашето дете да има име за кое нема да може да се смислуваат скратени ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
5 јадења кои потекнуваат пред нашата ера – ги подготвувале и древните народи Знаевте ли дека популарниот чизкејк го правеле и древните Грци? Кои други јадења...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg