Девојка од Ирска стана интернет хит со чувањето илјадници полноглавци
Чудното хоби на 17-годишната тинејџерка ја направи интернет хит. Таа чува бебиња жаби во дворот.
Хана мек Сорли е 17-годишна тинејџерка од Ирска, која поради корона вирусот не одела неколку месеци на училиште, исто како и децата кај нас, па одлучила да го исполнува слободното време со чување на бебиња жаби, односно полноглавци.
Потоа, почнала да снима TikTok видеа со нив и со тоа стана интернет хит.
„Јас живеам во село и како мали спасувавме полноглавци, голем дел од нив не преживуваат. Го немав правено тоа со години. Сега најдов неколку полноглавци во близина на куќата и сакав да му покажам на мојот 9-годишен брат Пол што сум правела како малечка.“
Таа прво ги чувала во тегла, па потоа во базенче во градината. Иако не знае колку имала таму, вели дека се илјадници.
Хана на интернет истражувала што треба да јадат и како да преживеат.
Со нив снимала и видеа, како ова:
@.baby.frogs sorry for the repost, problems with the last one?? ##tadpoles ##frogspawn ##frogs ##nature ##amphibian ##wildlife ##xyzbca ##savethefrogs ##pool
♬ Chill - Hairy Beats
С. С. | Црнобело