Астрономски настани до крајот на 2020-та што вреди да ги набљудувате
Секоја година сведочиме на навистина неверојатни астрономски настани.
И до крајот на оваа година ќе има неколку еклипси, метеорски дождови и планети „во опозиција“, а дел од овие настани ќе бидат видливи и кај нас.
Доколу сте љубител на астрономијата, тогаш вреди да сведочите на овие астрономски настани:
21 јуни: Соларна еклипса
Соларната еклипса, или затемнување на Сонцето, настанува кога Месечината поминува помеѓу Сонцето и Земјата. Поради ова, Месечината целосно или делумно го блокира Сонцето.
Годинава соларната еклипса ќе биде на 21 јуни, и ќе биде видлива во Африка, Азија, Европа и Микронезија.
Од кај нас ќе биде видливо само делумно затемнување, и тоа околу 7 часот наутро.
14 јули: Јупитер „во опозиција“
На 14-ти јули Јупитер ќе биде најблиску до Земјата, а бидејќи ќе се наоѓа на спротивната страна од Сонцето (во опозиција), ќе биде целосно осветлена од него.
Поради ова, планетата ќе биде посветла од кога било во годината и ќе виде видлива во текот на целата ноќ. Со „голо око“ планетата ќе изгледа како ѕвезда што не трепка.
20 јули: Сатурн во опозиција
Неполна недела по опозицијата на Јупитер, ќе имаме можност да ја набљудуваме и Сатурн. На ноќното небо планетата ќе изгледа како жолто-бела ѕвезда, но нема да трепка (планетите не трепкаат како ѕвездите).
Ако можете да најдете телескоп, најверојатно ќе можете да ги забележите и нејзините прстени.
12 август: Метеорски дожд „Персеиди“
Персеидите се најпопуларниот метеорски дожд и можете да го набљудувате и од кај нас.
Годинава најмногу метеори ќе има на 12 и 13 август и иако ќе бидат осветлени од Месечината, можно е да видите и до 100-тина метеори на час.