Астрономски настани до крајот на 2020-та што вреди да ги набљудувате
13 октомври: Марс во опозиција
Бидејќи Марс го обиколува Сонцето на секои 687 денови, ова е настан што се случува на секои две години.
На 13-ти октомври Марс ќе се наоѓа на спротивната страна од Сонцето, односно ќе биде во опозиција, и цела вечер ќе биде присутна на небото.
16 ноември: Метеорски дожд „Леониди“
Овој метеорски дожд трае од 6 до 30 ноември, но најмногу метеори ќе видите ноќта помеѓу 16 и 17 ноември. Овој период ќе можете да видите и до 15 метеори на час.
13 декември: Метеорски дожд „Геминиди“
Геминидите се сметаат за еден од најспектакуларните метеорски дождови и за време на пикот, ноќта помеѓу 13 и 14 декември, можат да се забележат и до 100 метеори на час.
Најубавите фотографии од метеорски дождови направени низ годините:
Спирова С. | Црнобело