6 работи што ги сметаме за некултурни, но се знак за учтивост во други земји
Знаевте ли дека во Индија, па и Турција, ждригањето на маса е добредојдено бидејќи со тоа покажувате дека сте уживале во оброкот?
Навистина е фасцинантно колку се разликуваат верувањата, традициите и обичаите на народите и културите ширум светот.
Работи што нам ни се секојдневие, можат да делуваат дури и лудо за некој од другиот крај на светот.
Ова важи и за бон-тон правилата и покажувањето почит – она што е неучтиво кај нас, е повеќе од добредојдено во некоја друга земја.
Шест работи што ние ги сметаме за некултурни, но се знак за учтивост и почит во други земји:
Доцнење
Во многу земји, доцнењето кога ќе ве поканат на вечера, особено посвечена, се смета за непочитување.
Сепак, ова не важи во Аргентина, Бразил, Мексико и Франција.
Всушност, овде гостите дури и треба да задоцнат малку бидејќи ако стигнат точно во договореното време, домаќините најверојатно нема да бидат завршени со подготовките.
Кога станува збор за неформални вечери, препорачливо е да задоцните до 30 минути, но и повеќе ако е собир со многу гости.
Од друга страна, на формални собирања, како свечена вечера со колеги, не треба да се доцни повеќе од десетина минути.
Јадење со раце
Додека и кај нас има храна која се јаде со раце, користењето прибор е очекувано во ресторан или кога сме на гости.
Но, во Етиопија, скоро целата храна се јаде со раце, па дури и ако сте во ресторан, можно е воопшто да не добиете прибор.
Ждригање
Кај нас ждригањето е една од најнеучтивите работи што можете да ги направите, особено за време на јадење.
Но, во Индија, Кина, па и Турција, ждригањето е добредојдено бидејќи е знак дека сте уживале во оброкот.
Шлапање додека јадете
Уште едно нешто што кај нас се гледа со презир, но во Јапонија е знак дека уживате во храната.
Ова најмногу се однесува на гласно јадење нудли.
Одбивање комплименти
Во повеќето земји, комплиментите се прифатени од луѓето и сите се заблагодаруваат за нив.
Во Јапонија, пак, се очекува сите да покажуваат скромност, а поради ова обично комплиментите се одбиваат.
Или, очекувано е ако некој ви даде комплимент, барем и вие да му возвратите со комплимент.
Избегнување гледање во очи за време на разговор
Во повеќето земји, вклучително и кај нас, ќе делувате неучтиво ако избегнувате да го погледнете соговорникот во очи.
Во Јапонија, Јужна Кореја, Кина и Малезија важи сосема спротивното – ќе делувате неучтиво ако пробувате да го „уловите“ погледот на соговорникот, особено ако е постар од вас или личност со авторитет.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





