Татко му го напуштил кога му бил најпотребен – сега прави туторијали со татковски совети за сите на кои им требаат
YouTube е платформа на која навистина можете да најдете помош за речиси сè. Како да се нашминкате, како да си направите фризура, како да го поминете нивото во некоја видео игра – без разлика со каков проблем сте соочени, некој сигурно направил туторијал на YouTube за тоа.
А, еден канал со вакви видеа неодамна стана вистински хит.
Роб Кени го направил каналот Dad, how do I? (Тато, како да го направам ова?), каде што објавува видеа со совети за работи како врзување вратоврска, бричење, пеглање или поправање ситници низ домот.
Уште поинтересна е причината зошто го направил неговиот канал.
Роб доаѓа од семејство со осум деца, а неговиот татко ги напуштил кога тој бил тинејџер. Мајка му тешко се справила со ситуацијата и почнала да има проблеми со алкохолот. Кога наполнил 14 години, Роб заминал да живее со неговиот 23-годишен брат и животот воопшто не му бил лесен.
Сега Роб сфатил дека многу деца како него биле без татко, и со тоа без личноста која може да ги научи на многу нешта. Затоа, го направил каналот што ќе им помогне на оние кои имаат потреба од тоа.
„Мојата цел во животот беше да израснам добри луѓе. Никогаш не сакав да бидам богат. Никогаш не сакав да бидам многу успешен. Целта ми беше да израснам добри возрасни индивидуи, бидејќи јас имав уништено детство“, вели Роб.
Денес Роб е во брак и има две деца, а она што го научил го пренесува на неговиот канал. Како што вели неговото мото, неговите видеа имаат „практични совети за секојдневни проблеми“, кои не се учат на училиште.
Па, ако вие потребно и вам решение на некој „практичен проблем“, Роб и неговите видеа се овде за да ви помогнат.
https://www.youtube.com/watch?v=TATblk1LUQI
https://www.youtube.com/watch?v=H27wGdjuR6M
https://www.youtube.com/watch?v=0KDMdYww4VE
Спирова С. | Црнобело