6 причини зошто пријателството на далечина е најискрено – за сите кои едвај чекаат да се видат по пандемијата

Она што сега може да го сфатат луѓето во време на пандемија, е кои им се вистински пријатели и со кои може да им успее пријателството без честите гледања, преспивања еден кај друг, забави.

6-prichini-zoshto-prijatelstvoto-na-dalechina-e-najiskreno-za-site-koi-edvaj-chekaat-da-se-vidat-po-pandemijata-01.jpg

Додека на некои пријатели им падна тешко тоа што не може да се видат заради пандемијата, оние кои имаат пријател кој живее преку границите – така се чувствуваат постојано.

Но, велат дека иако пријателствата на далечина можеби се тешки, оние кои ќе успеат, се всушност едни од најсилните и најискрените.

Тоа се пријателства кои не може ништо да ги уништи, па дури ни далечината – 6 причини зошто овие пријателства се најискрени и најзначајни:

1. Често комуницирате

Не мора да се физички присутни за да може да си кажете сѐ што ви лежи на душа, да ги споделите добрите или лошите вести, да ги откриете стравовите, да си помогнете кога сте си најпотребни и да се насмеете еден со друг.

Со пријателите на далечина не мора да чекате да се ослободите за да се видите, ниту пак пандемијата сега е толку голем проблем, бидејќи сте научени дека кога сакате нешто да си кажете, можете во секој момент да си го пишете, а во првиот слободен момент да се слушнете.

6-prichini-zoshto-prijatelstvoto-na-dalechina-e-najiskreno-za-site-koi-edvaj-chekaat-da-se-vidat-po-pandemijata-02.jpg

2. Имате кого да посетите кога патувате, а авантурите се незаборавни

Има ли нешто подобро од тоа да го испланирате патувањето кај најдобриот пријател (во околности кога не владее пандемија)?

Оние кои имаат пријатели на далечина знаат со колкаво нетрпение чекаат да се отворат границите и да помине пандемијата за повторно да испланираат нова авантура.

Кога имате близок пријател кој живее во друга земја, секогаш имате каде да патувате, а притоа да искористите шанса да се видите. Искуството е сосема поразлично кога се немате видено долго и сакате да надоместите за изгубеното време.

6-prichini-zoshto-prijatelstvoto-na-dalechina-e-najiskreno-za-site-koi-edvaj-chekaat-da-se-vidat-po-pandemijata-03.jpg

3. Секоја нова средба е важен момент

Додека пријателите кои живеат близу до вас можете да ги видите во секој момент во нормални услови и средбата со нив не е ништо ново и посебно значајно, со пријателите на дистанца ова е сосема поразлично и значајно искуство.

Колку подолго сте одвоени од пријателите, толку е поголемо нетрпението до следната договорена средба. Пандемијата на корона вирусот ги одложи овие средби, но уште повеќе ги зајакна вистинските пријателства кои успеаја да се одржат во вакви времиња.

Нема ништо поважно од тоа да бидете потпора за пријателот кој го преживува ова сам во земја од среден или висок ризик. Да бидете поддршка за некој и на илјадници километри оддалеченост.

Со нетрпение ќе ги одбројувате деновите до отворање на границите и повторно враќање во нормала.

6-prichini-zoshto-prijatelstvoto-na-dalechina-e-najiskreno-za-site-koi-edvaj-chekaat-da-se-vidat-po-pandemijata-004.jpg

4. Секогаш ќе ви дадат искрен и непристрасен совет

Да имате пријател на далечина значи да имате некој кој секогаш ќе гледа објективно на секоја ситуација во вашиот живот и ќе може да ви даде искрен совет кога треба да донесете некоја одлука и да направите следен чекор.

Иако можеби сте во постојан контакт и сте запознаени со животите еден на друг, сепак неможноста да бидете присутни на секој настан во живо си го прави своето. Овие пријатели секогаш можат да ја видат сликата од страна и да ви кажат што е најдобро без чувствата да им го поматат разумот.

6-prichini-zoshto-prijatelstvoto-na-dalechina-e-najiskreno-za-site-koi-edvaj-chekaat-da-se-vidat-po-pandemijata-04.jpg

5. Кога имаш успешно пријателство на далечина, знаеш дека имаш пријател за цел живот

И покрај сите предности, секако ништо не може да нѐ увери дека далечината е подобра од блискоста, но во секој случај, она во што може да бидеме сигурни, е дека ако успееме да одржиме цврсто пријателство на далечина и ниту една препрека да не го уништи – значи дека сте си создале пријател за цел живот.

Штом успевате со некого да најдете заеднички јазик дури и кога не се гледате често во живо и успевате секогаш да бидете тука еден за друг во секој момент, а со нетрпение ги броите деновите до следна средба – имате пријател за цел живот.

6-prichini-zoshto-prijatelstvoto-na-dalechina-e-najiskreno-za-site-koi-edvaj-chekaat-da-se-vidat-po-pandemijata-05.jpg

6. Помалку е веројатно да имате сериозни кавги

Пријателите на дистанца поретко влегуваат во дискусии, тензијата и драмата се сведени на минимум и ретко наоѓате добра причина за да се скарате онлајн.

Имате повеќе трпение еден за друг и знаете дека е потешко да се впуштите во бурна дискусија ако не сте еден до друг. А, полесно е и да се извините кога може да го напишете тоа.

Кога ќе се сретнете пак, заборавате на овие работи и не ви е доволно вредна причината за да го изгубите времето во расправии. 

6-prichini-zoshto-prijatelstvoto-na-dalechina-e-najiskreno-za-site-koi-edvaj-chekaat-da-se-vidat-po-pandemijata-07.jpg

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Македонците најмлади стапуваат во брак на Балканот - во кои земји се чека најдолго? Според податоци на Евростат од 2021 година, во просек, Македонките стапуваат во ...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Мит или вистина: Дали патниците со црвени куфери најдолго чекаат на аеродром? Според виралното видео кое е објавено на социјалните мрежи и стана хит во сите с...
9 празнични ситуации што се повторуваат секоја година, низ илустрации Луѓето пред празниците се делат на два дела - оние што им се радуваат уште од по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg