Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македонците најмлади стапуваат во брак на Балканот - во кои земји се чека најдолго?

Според податоци на Евростат од 2021 година, во просек, Македонките стапуваат во брак на 26-годишна возраст, а мажите – на 29 години.

makedoncite-najrano-stapuvaat-vo-brak-na-balkanot-vo-koi-zemji-se-cheka-najdolgo-01.jpg

Дали сте во брак? Ако да, на која возраст се венчавте – дали можеби во раните 20-ти или, пак, по 30-тиот роденден?

Според Евростат, Македонците се меѓу народите од Европа кои најрано стапуваат во брак, а ова важи и за двата пола.

makedoncite-i-makedonkite-najrano-stapuvaat-vo-brak-na-balkanot-koj-cheka-najdolgo-03.JPG

Статистичките податоци од 2021 година покажуваат дека во просек, Македонките стапуваат во брак на 26-годишна возраст.

Мажите, од друга страна, чекаат малку подолго, односно, во просек, првпат стапуваат во брак на 29-годишна возраст.

Во околните земји, мажите во Бугарија чекаат до 31-иот роденден, а жените – до 28-иот.

Мажите во Хрватска првпат стапуваат во брак на 31-годишна возраст, додека жените – 28-годишна возраст.

makedoncite-i-makedonkite-najrano-stapuvaat-vo-brak-na-balkanot-koj-cheka-najdolgo-02.JPG

И мажите во Србија првпат се венчаат на 31-годишна возраст и жените на 28-годишна возраст.

За Албанија нема податоци, додека мажите во Грција првпат се венчаат на 32-годишна возраст, а жените на 30-годишна возраст.

Во Црна Гора, жените во просек се венчаат на 27 години, а мажите на 31 година.

Ова значи дека во просек, во регионот, Македонците и Македонките најрано стапуваат во брак.

makedoncite-i-makedonkite-najrano-stapuvaat-vo-brak-na-balkanot-koj-cheka-najdolgo04.JPG

Податоците на Евростат покажуваат дека најдолго чекаат мажите во Шпанија, Шведска и Франција, односно првпат стапуваат во брак на 36-годишна возраст.

Во истите држави, и жените чекаат најмногу, односно до 34-иот роденден.

makedoncite-i-makedonkite-najrano-stapuvaat-vo-brak-na-balkanot-koj-cheka-najdolgo-05.JPG

Ако се земат предвид податоци од 2020 и 2019 година, државите во кои жените најрано стапуваат во брак се Украина (24 години), Белорусија (25 години) и Турција (25 години).

И мажите во овие три држави во просек најрано стапуваат во брак – во Белорусија на 27 години, а во Турција и Украина на 28 години.

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Фрази кои ги користат мажите кога не сакаат да признаат дека грешат Мажите кои не признаваат дека не се во право, многу често ќе правдаат ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg