Добра мајка, разиграна, великодушна – кое е значење на името Маја?

За потеклото на ова име има повеќе теории. Според една од нив се смета дека името потекнува од древната божица во грчката митологија. Зевс се вљубил во неа, а Маја му го родила синот Хермес.

Koe-e-znacenjeto-na-imeto-Maja-001.jpg

Во римската митологија, Маја се смета за божица на плодноста и пролетта, па токму затоа еден пролетен месец го носи ова име – мај. Според некои толкувања името е со корен „ма“ што значи „добра мајка“ и „великодушност“.

Значење на името според христијанското толкување: потекнува или од латинското maius, maior што би го имало истото значење со словенското име „Велика“, или претставува скратена форма од Марија. Во народното предание се поврзува со пролетта, односно со пролетниот месец мај.

Во индиската митологијата Маја е божица на илузијата и нереалното, а самото име симболизира „илузија“.

Маја е особено популарно име не само на балканскиот простори туку во целиот свет. Симболизира ново раѓање, живост, будење, а личностите кои го носат ова име се креативни и мошне оригинални. Љубопитни се, постојано сакаат да учат нешто ново и имаат желба за нови знаења, патувања и запознавање нови луѓе.

Означете ја вашата омилена Маја во коментар.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...
„Ако сте во брак и имате одделни финансии, не сте тим - вие сте само цимери со бурми“ „Во брак сте - не сте цимери. Парите не треба да бидат „мои“ или „твои“, туку „н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg