Познати жени кои не се откажале од своите цели и станале успешни подоцна во животот
Мерил Стрип
Кога Мерил отишла на аудиција за „King Kong“, ѝ рекле дека е многу грда за да добие улога.
Нејзината професионална кариера започнала дури кога актерката имала 26, а успеа да се пробие на холивудската сцена на 29 години.
Денес Мерил го држи рекордот за најмногу номинации за Оскар.
Кристина Хендрикс
Уште на 24-годишна возраст, Кристина се појавувала во некои телевизиски серии. Но, светот дозна за неа кога ја доби улогата во „Mad Men“, на 32-годишна возраст.
Денес актерката има 6 номинации за Primetime Emmy Award, а има добиено две Screen Actors Guild Award.
Тина Феј
Пред да стане автор за Saturday Night Live, Тина работела ако рецепционерка.
Актерката имала околу 29 години кога стана првата жена главен автор на SNL.
На 34 години таа го напиша сценариото за „Mean Girls“, а на 38 е закити со наградите Golden Globe, Screen Actors Guild Award и Emmy.
Џулија Чајлд
Џулија е најпозната по тоа што им ја претстави француската кујна на американците со нејзината книга со рецепти.
Интересно е што таа не ни знаела да готви сè додека не го запознала сопругот.
На 39-годишна возраст таа завршила на познатото училиште за готвење Cordon Bleu, а една деценија подоцна беше издадена нејзината книга.
Кога го направи нејзино кулинарско шоу, Џулија веќе имаше 50 години.
Шерил Кроу
Најпрво, Шерил работела како наставничка по музика, а потоа успеала да стане бек вокал на пејачи како Род Стјуарт.
Првиот деби албум го снимала на 29 години, но проектот пропаднал. Две години подоцна, Шерил конечно го издаде деби албумот и полека почна да се прославува.
До денес, таа има добиено 9 Греми награди.
Кери Вашингтон
Кери можеби ја почнала актерската кариера на 17 години, но и ѝ биле потребни осум години да почне да заработува доволно од актерството.
Актерката успеа да се пробие на 35-годишна возраст, откако се појави во серијата „Scandal“.
Марија Кири
Проблемите на Марија започнале уште кога сакала да се запише на факултет – не ја примиле на Универзитетот во Варшава бидејќи била жена.
Но, ова не ја спречило, па на 36-годишна возраст таа стана првата жена со Нобелова награда.
Сузан Бојл
Сузан ја трошела целата нејзина заштеда за да испрати снимки од нејзиното пеење до разни продукциски куќи.
Кога дошло време да се пријави на аудиција за Britain’s Got Talent, таа се двоумела бидејќи со 47 години, сметала дека е премногу стара.
За среќа, се предомислила, а нејзиниот прв албум се наоѓаше на првото место на Билборд листата цели шест недели.
Спирова С. | Црнобело