Познати жени кои не се откажале од своите цели и станале успешни подоцна во животот
Знаевте ли дека повеќето луѓе, после некое време целосно се откажуваат од нивните цели? Особено кога станува збор за работното место од соништата.
Наводно, луѓето „креваат раце“ околу 30-тата година од животот, мислејќи дека е премногу доцна да почнат да се движат кон нивната цел.
Но, факт е дека голем број луѓе успеале многу подоцна во животот и ги оствариле своите соништа на 40, па дури и 50 години.
Ако сметате дека сте „заглавиле“ и дека за вас нема надеж, нека ве инспирираат овие жени, кои станале успешни многу подоцна во животот:
Лизо
Кога Лизо имала 21 година, таа се обидувала да се пробие во музичката индустрија. Тој период починал татко ѝ, а по неговата смрт, Лизо цела година живеела во нејзиниот автомобил.
Дури на 28-годишна возраст, нејзиниот сингл „Coconut Oil“ почнува да привлекува внимание, а кариерата на Лизо да се движи во нагорна линија. На последното доделување на Греми наградите, пејачката си доби три статуетки.
Виола Дејвис
Во 30-тите, Виола добивала само мали улоги, а за некои воопшто не добила ни признание.
Нејзиниот талент беше забележан кога актерката наполни 44 години и си доби номинација за Оскар и Златен глобус за улогата во филмот „Doubt“.
Во 40-тите и 50-тите, таа се закити со многу награди.
Бети Вајт
Телевизиската кариера на Бети започнала уште кога актерката била во средно. Но, поради војната, некој период морала да се откаже од нејзините соништа.
Кога ситуацијата се смирила, Бети се обидувала да најде работа, но секогаш ја одбивале бидејќи не била фотогенична.
Но, ова не ја спречило, па до 29-годишна возраст, Бети ќе добила номинација за Еми награда.
Денес, на 98 години, таа може да се пофали со неколку награди, но и ѕвезда на Холивудскиот Булевар на славните.
Ана Винтур
На 26-години, Ана работела како моден уредник за Harper’s Bazaar. Но, по само 9 месеци добила отказ.
Дури на 39 години таа станува главен уредник на Vogue US, а денес можеме да кажеме дека е една од највлијателните личности во светот на модата.
Џесика Честејн
Џесика доцна дипломирала на престижниот Џулијард каде што изучувала глума. Имала 26 години и дури тогаш ја почнала актерската кариера. Но, на почетокот добивала само мали улоги и ѝ биле потребни уште 4 години за да го добие признанието како актерка.
Од 34-годишна возраст, па до денес, таа е една од најбараните холивудски актерки.
Вивиен Вествуд
До својата 30-та година, познатата дизајнерка работела како наставничка.
Таа успеа да го направи панк стилот „мејнстрим“, откако панк бендовите почнаа да ги носат нејзините креации. Првата модна ревија ја организирала кога имала 40 години, а ревијата била наречена Pirate Collection.
Али Вонг
Кога првпат дошла во Њујорк, Али живеела само од леќа и ориз и се обидувала да стане стенд-ап комичар. Тој период, кога имала 23 години, одржувала и по 9 шоуа во една вечер.
Кога наполнила 29 години, Али била наречена една од најдобрите стенд-ап комичари, а ова ѝ помогнало да се појави во неколку телевизиски шоуа. Дури потоа станала актерка.