Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Срцето како симбол: Потеклото и настанокот на универзалниот знак на љубовта

Срцето е универзален симбол на љубовта и сите знаеме како изгледа. Не постои човек што не го нацртал барем еднаш, на тој начин искажувајќи ја својата љубов.

Srce kako simbol Potekloto I nastanokot na univerzalniot znak na ljubovta 01

Како што е случајот со многу други симболи, постојат неколку теории за потеклото на срцето како симбол на љубовта.

Во продолжение дознајте нешто за најверодостојните:

Инспирација од растение

Според модерната дефиниција, обликот на срцето е графички знак што се користи за да се изрази идејата за приврзаност во метафорична или симболична смисла. Истото главно се однесува на романтична љубов меѓу двајца љубовници.

Една теорија сугерира дека срцето, како симболот што го знаеме денес, потекнува уште од античко време, поточно од растението наречено силфион.

Грците и Римјаните го користеле силфионот како зачин, лек, афродизијак, но и како средство за контрацепција. Неговите заштитни својства се споменати во разни списи на антички писатели и поети.

Неговата популарност е докажана со фактот дека ова растение било целосно изумрено во првиот век од нашата ера. Сепак, постојат бројни слики и документи кои докажуваат дека формата на семето на ова растение наликувала на срце.

Srce kako simbol Potekloto I nastanokot na univerzalniot znak na ljubovta 02

Симбол на средновековна љубов

Друга теорија тврди дека симболот на срцето е извлечен од медицинските и филозофските списи на Гален и Аристотел. Овие антички мислители го опишале човечкото срце како орган со три комори и вдлабнатина во средината.

Од ваквите описи, средновековните научници се обиделе да го визуелизираат срцето.

На пример, италијанскиот лекар од 14 век, Гвидо да Вигевано, направил неколку анатомски цртежи на срцето кои се многу слични на описите дадени од Аристотел.

Овие описи, претпоставувајќи дека човечкото срце е поврзано со емоции и љубовно задоволство, биле претворени во облик на срце, што станало симбол на средновековна љубов.

До крајот на 14 век, срцето како симбол било прикажано наопаку, а „трендот“ траел до првата половина на 15 век.

Многу други промени се случиле во текот на следните векови, за срцето да стане недвосмислен симбол на љубовта дури во 19 век. Тогаш срцето почнало да се појавува на бројни предмети, како што се честитки, карти за играње, бонбони и слично.

Оттогаш, симболот на срцето влезе во дневната невербална комуникација помеѓу луѓето. Денес е еден од најпопуларните универзални знаци, кој има исто значење во сите култури низ целиот свет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg