„Како моите деца станаа Инстаграм инфлуенсери?“ - постојано ни праќаат бесплатна облека и играчки

Александра Хојлс (32) открива како нејзините деца Лиам (10) и Лили (4), сосема случајно станале Инстаграм инфлуенсери.

kako-moite-deca-stanaa-instagram-influenseri-postojano-ni-prakaat-besplatna-obleka-i-igracki-01.jpg

Пред да стане мајка, Александра воопшто не била заинтересирана за социјални медиуми. Сосема случајно, пријателка која со задоволство сакала да следи мајки блогерки ѝ предложила да направи Инстаграм профил во 2013-та година.

Така настанал @olkafiolka. Првата фотографија била од нејзиниот син Лиам.

kako-moite-deca-stanaa-instagram-influenseri-postojano-ni-prakaat-besplatna-obleka-i-igracki-02.jpg

„На почетокот не знаев да користам хаштази, но многу скоро почнав да ги користам #fashionkid, #ukinfluencer и #followme. Така почна да расте базата на моите следачи. За една година стигнав до бројка од 10.000.

kako-moite-deca-stanaa-instagram-influenseri-postojano-ni-prakaat-besplatna-obleka-i-igracki-04.jpg

Ставав слики од Лиам дотеран како позира.

Во 2015-та откако ја родив Лили, страдав од панични напади заради компликации на пораѓајот, па Инстаграм ми беше одлично бегство од реалноста.

Полека, сликите од Лиам почнаа да имаат и по 1000 допаѓања. Брендови почнаа да ме контактираат и да ми испраќаат бесплатна облека за да почнам да го облекувам во нив и да ги тагнувам на постовите.

Во 2016-та споделив фотографија од Лили во нашата градина и тогаш добив 2040 „лајкови“ – ова ми беше рекорд. За неколку денови бројката на следбеници порасна на 60.000.

Постојано пристигнуваа брендирани парчиња облека, чевли, чанти, мебел, играчки, дури и телевизори.

На почетокот не наплаќав за постови, но кога стигнав до бројката од 100.000 следбеници решив да почнам да барам од 60 до 120 евра за пост.

Во моментов имаме околу 150.000 верни следачи и низ годините имаме добиено бесплатни парчиња во вредност од околу 30.000 евра. Сите пари што ги заработувам ги штедиме на страна за Лиам и Лили.

kako-moite-deca-stanaa-instagram-influenseri-postojano-ni-prakaat-besplatna-obleka-i-igracki-03.jpg

Никогаш не им правам притисок и не ги замарам дека мора да се сликаат. Го правиме тоа кога сме сите расположени. Има денови кога наместо да се сликаме одиме да си играме во калта.

Доколку Лиам и Лили сакаат да бидат инфлуенсери кога ќе пораснат, ќе ги поддржам во истото. Но, на прво место е нивното образование.

Доколку не сакаат да ги има на Инстаграм, веднаш ќе ги избришам нивните фотографии“. 

Помалку познат факт: Едно од пет деца на возраст од 11 до 16 години сака да биде инфлуенсер.

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg