Кој ги плаќа и што се случува со фустаните што ги носат ѕвездите на доделување на Оскари?

Првото доделување на Оскарите беше на 16-ти мај, во далечната 1929-та. На настанот присуствувале 250 луѓе, а целата манифестација завршила за 15 минути.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-poznatite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-01.jpg

Уште поинтересно е што победниците биле познати цели 3 месеци пред да ја добијат наградата.

Денес Оскарите се најпрестижната манифестација во филмската индустрија и се настан што го следат милиони луѓе од целиот свет.

И иако фокусот е на филмовите од изминатата година и изведбата на актерите, Оскарите не минуваат без модата на црвениот тепих.

Но, што се случува со сите гламурозни фустани откако ќе заврши настанот?

Подготовка за церемонијата

Подготовките за главниот настан почнуваат околу 3 месеци пред церемонијата. За секоја ѕвезда се грижи цел тим нутриционисти, козметичари, тренери, фризери, стилисти и мејкап артисти.

Задачата на стилистот не е само да ја смисли модната комбинација, туку треба да размислува и за дизајнерите. Тој, или таа, проверува кој друг ќе носи облека од истиот бренд, за целосно да се избегне можноста двајца да се појават со иста облека.

По правило, стилистот одбира неколку комбинации – една за главниот настан, една за забавата после Оскарите, но и една во случај нешто да не оди по план.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-02.jpg

Притоа, стилистот секогаш ја придружува ѕвездата за ако се случи некоја незгода, да може да ја среди.

Како се одвива соработката?

Црвениот тепих е одлична реклама за познатите брендови. Па, брендовите соработуваат со славните со надеж дека тие ќе се појават со нивна креација на црвениот тепих и на забавата после Оскарите.

Оваа соработка може да се одвива на неколку начини.

Познатите неретко имаат договори со модните куќи. На пример, Шарлиз Терон соработува со Dior, а Кејт Бланшет е лицето на Armani. Со договорот се одредува колкупати ѕвездата треба да се појави со облека од брендот.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-03.jpg

Фустанот што ќе го избере познатата личност е ексклузивен и се шие само за неа.

Но, бидејќи ѕвездите одбираат фустани од последните колекции, можете да ја видите истата креација и на модна писта, и на црвениот тепих. Кога станува збор за Оскарите, дизајнерите испраќаат околу 60 различни варијанти за кои чекаат одобрување.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-04.jpg

Интересно е што големината на облеката е исклучително важна и ретко ќе најдете фустан што е поголем од XS или S. Токму поради ова, дури 6 дизајнери ја одбиле Мелиса Мекарти во 2012-та бидејќи, едноставно, немале поголема облека.

Колку чинат фустаните?

Знаевте ли дека независното купување облека за Оскарите се смета за неучтиво?

До 80-тите, ѕвездите сами биле одговорни за нивниот изглед. Само оние од „највисок калибар“, како Грејс Кели и Елизабет Тејлор, можеле да се надеваат на соработка со модна куќа.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-05.jpg

Џорџо Армани е првиот кој го искористил црвениот тепих како рекламен простор. Наскоро му се придружил и Џани Версаче, па набрзо сите ѕвезди биле облекувани од најголемите модни куќи.

Но, кој плаќа за овие гламурозни фустани?

Самите дизајнери. Тие им „плаќаат“ на познатите со фустаните што им ги даваат за Оскарите. Цената на фустан за црвениот тепих е од 150.000 долари па нагоре.

Ако ѕвездата се согласи, таа добива мала сума, стилистот добива процент од трансакцијата, а брендот добива реклама.

Некогаш, пак, ова рекламирање е на пријателска основа. На пример, Џаред Лето е добар пријател со Алесандро Мишел од Gucci, па на сите важни настани носи облека од овој бренд.

Слична е приказната и со Бјорк и познатиот „фустан-лебед“ од Оскарите во 2001-ва. Пејачката е добра пријателка со македонскиот дизајнер Марјан Пејоски, па решила да облече негова креација.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-06.jpg

Каде ѕвездите ги чуваат фустаните?

Ѕвездите не ги поседуваат фустаните, па не ги чуваат никаде. И покрај тоа што моделите се шиени специјално за нив, тие сепак ѝ припаѓаат на модната куќа. Најчесто, ѕвездите имаат 48 часа да ја вратат облеката.

Многу ретко ја добиваат облеката на подарок, и тоа од неколку причини:

- Цената на само еден фустан е неколку стотици илјадници долари, некогаш и милиони. На пример, жолтиот фустан на Никол Кидман е проценет на 2 милиони долари. Ова, очигледно, е прескап подарок.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-07.jpg

- На ѕвездите едноставно не им требаат овие фустани. Сигурно нема да ги облечат вторпат.

Што се случува со фустаните после церемонијата?

Големите модни куќи ги складираат нивните фустани во архив. Некои креации се вистински ремек-дела и си добиваат култен статус, а потоа или се продаваат или завршуваат на изложби.

На пример, фустанот на Одри Хепберн беше продаден за 130.000 долари во 2011. Црвениот фустан на Натали Портман беше продаден за 50.000 долари.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-08.jpg

Најчесто, фустаните ги купуваат приватни колекционери.

Во САД, пак, многу е познато изнајмувањето облека што ја носеле ѕвездите на важни настани.

Уште неколку факти за „оскаровските“ стајлинзи:

1. На црвениот тепих има личност чија задача е да ги исправа и поправа фустаните.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-09.jpg

2. После Оскарите во 2015-та, фустанот на Лупита Нионго беше украден. Крадците успеале да влезат во собата на актерката, но неколку дена подоцна го вратија фустанот.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-10.jpg

3. Низ историјата, многупати Оскарот го добиле актерки кои носеле Valentino фустан на доделувањето.

4. Во 2003-та, само неколку часа пред црвениот тепих, фустанот на Салма Хајек се скинал. Напомош дошла Рис Витерспун, која ѝ го позајмила резервниот фустан.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-11.jpg

5. Во 1998-ма, актерката Шерон Стоун се појави на церемонијата со бела кошула на сопругот и сатенско здолниште.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-13.jpg

6. Најскапиот накит во историјата на церемонијата го носеше Лејди Гага во 2019-та. Се проценува дека накитот чини 30 милиони долари, а некогаш ѝ припаѓал на Одри Хепберн.

shto-se-sluchuva-so-fustanite-shto-gi-nosat-dzvezdite-na-dodeluvanjeto-na-oskarite-12.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg