Која била Алис и дали авторот бил педофил - девојчето зад „Алиса во земјата на чудата“
Писателот Луис Керол, ликот на Алиса го создал инспириран од девојчето Алис Лидел, која ја запознал кога таа имала 3 години.
Луис, чие вистинско име е Чарлс Доџсон, во тоа време имал 24 години, студирал математика и се занимавал со фотографија.
Сакал да фотографира деца, а со оглед на тоа што на неговите фотографии најчесто имало девојчиња, честопати и без облека, до неговото име често ќе најдете и факти дека бил прикриен педофил. Ова тврдење никогаш не е докажано.
Алис Лидел ја запознал во април 1856 година додека си играла со своите сестри во градината. Нејзиниот татко го поканил да направи фотографии од семејството и така започнало долготрајното пријателство.
Тој често ги сликал Алис и нејзините сестри, а во своето студио имал многу детска облека за да се пресоблекуваат во разни ликови и други забавни игри за да ги анимира децата.
Приказната за „Алиса во земјата на чудата“ настанала на брод, во јули 1862 година, кога на Алис и нејзините сестри Идит и Лорин, тој им раскажал приказна со многу необични ликови, а како главен лик ја ставил тогаш десетгодишната Алис.
Девојчето побарало од Луис да им ја запише оваа приказна, а две години подоцна на Божиќ тој и подарил роман.
Авторот бил близок со целото семејство Лидел, но Алис била негова миленичка, а нивниот однос предмет на многу шпекулации.
Нивното пријателство прекинува да функционира во летото 1863 година.
Семејството Лидел никогаш повеќе не разговарало на оваа тема, а страниците од дневникот на Доџсон кои се однесуваат на овој период од животот, после неговата смрт исчезнуваат.
Некои биографи даваат претпоставки дека до раздор дошло откако авторот посакал да се ожени со 11 годишната Алис, а други претпоставуваат дека во него се вљубила постарата ќерка Лорин, па родителите го избркале за да не настане скандал.
Следната година тој се смирил со родителите, но никогаш повеќе не му дозволиле да се дружи со нивните деца.
Неговиот интерес за девојчиња бил јавно познат, но во тоа време не било така невообичаено бидејќи разголени деца биле чест мотив во уметноста, а тоа не се доживувало во сексуален контекст туку повеќе асоцирале на „невиност“.
Пред неколку години се појави писмо напишано од Доџсон посветено за „драгата госпоѓица Лидел“, кое тој го склопил три години пред Алис да се омажи.
Во писмото тој одговарал на сите обвиненија за врската помеѓу него и семејството Лидел, како и тоа дека неговата љубов кон децата е погрешно сфатена од јавноста.
Е. П. | Црнобело