Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Дар од Бога“ - среќни се луѓето кои во животот имаат барем една Кристина

Кристина е латинско име изведено од грчкиот збор Hristos што значи христијанин, крстен, оној кој верува во Бога, а ова популарно име носи и многу други толкувања. 

Kristina-dar-od-Boga-01.jpg

Во својот корен го содржи зборот „Христ“ или „Крист“ (од Исус Христос), кој прво бил ознака за титулата, а дури подоцна станал дел од името на Исус.

Бидејќи името Кристина се однесува на чинот на светото крштевање и името на Исус Христос, исто така ги има и следниве значења: христијанската жена, божја ќерка, безгрешна, онаа што е дар од Бога, жената која самата Господ ја испратил меѓу мажите. Тина, Кика и Крис се популарни изведенки од ова прекрасно женско име.

Луѓето со името Кристина честопати се опишуваат како крајно добродушни и секогаш подготвени да ги ислушаат и утешат другите луѓе. Кога се дружите со девојка или жена по име Кристина, можете да бидете сигурни дека сте пронашле вистински пријател за живот.

Кристина ја краси и скромност и е многу повлечена личност, склона кон „подигнување sидови“ околу себе со цел да го заштити своето срце од луѓето коишто сакаат да ја повредат.

Жените по име Кристина најчесто имаат сложен карактер, но доколку ви е битно да се зближите со неа, таа ќе го отвори нејзиното срце кон вас и ќе ги сруши ѕидовите околу неа.

Личностите кои го носат ова име се смета дека се полни со љубов која несебично ја споделуваат со другите и тоа е нивниот најголем дар.

Ако успеете да го освоите срцето на една Кристина треба да се сметате себеси за многу среќна личност.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg