Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те највлијателни жени во историјата

Историјата може да се пофали со многу силни и успешни жени.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-01.jpg

А, помеѓу нив постојат неколку кои се издвојуваат со нивните револуционерни идеи. Овие жени не ги следеле нормите и биле доволно храбри да го зачуваат своето јас во услови што воопшто не им го дозволувале тоа.

Овие жени не му дозволиле на општеството да ги покори и засекогаш го променија светот во којшто живееме.

Принцезата Дијана

Светот засекогаш ќе ја сака принцезата од Велс и никогаш нема да ја преболи нејзината трагична смрт. Дијана му покажа на светот како изгледаат принцезите од реалноста и докажа дека и тие се како и секоја жена.

Вљубена, несреќна, разведена и прогонувана, Дијана им се доближи на сите жени ширум светот и засекогаш го промени британското кралско семејство.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-02.jpg

Марија Кири

Марија им докажа на сите дека жените не се интелектуално инфериорни во однос на мажите.

Таа е првата жена која доби Нобелова награда, но и првата личност која ја има добиено наградата во две различни области – физика и хемија.

Марија најмногу ја истражуваше радиоактивноста и таа ги постави темелите за првите рендгенски машини.

Се верува дека токму нејзините истражувања се виновни за нејзината смрт – долгогодишната работа со радиоактивни материјали имала висока цена.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-03.jpg

Кетрин Џонсон

Кетрин ќе остане запаметена по несудената љубов со Тесла. Но, таа е и една од првите жени кои работеле за НАСА.

Нејзините пронајдоци во областа на орбиталната механика помогнаа да се создаде системот за навигација во првиот американски вселенски лет.

Кетрин беше дел од тимот што ги испрати првите луѓе на месечината.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-04.jpg

Роза Паркс

Афроамериканската активистка за граѓански права поттикна многу протести ширум Америка за правата на Афроамериканците, откако одби да му отстапи место во автобус на белец.

Паралелно со ова, Роза водеше и борба за женските права и неретко е нарекувана „Првата дама на граѓанските права“ и „Мајката на движењето за слободата“.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-05.jpg

Розалинд Френклин

Розалинд е научникот што ја откри ДНК структурата, а со тоа ги постави и темелите за генетскиот инженеринг и вонтелесното зачнување.

Сè што знаеме денес за гените и наследните особини е благодарение на оваа жена.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg