Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10-те највлијателни жени во историјата

Мери Стоупс

Мери била писателка, ботаничарка и активистка за женските права.

Таа ја основа првата клиника за контрацепција во Обединетото Кралство и им овозможи на жените самите да одлучуваат за нивното тело.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-07.jpg

Амелија Ерхард

Амелија беше американски пилот и постави неколку рекорди во областа на воздухопловството.

Во 1937-ма година таа го започна нејзиниот лет околу светот, но оттогаш ѝ се губи секаква трага.

Покрај тоа што Амелија засекогаш ќе остане во историјата на авијацијата, нејзиното исчезнување е една од најголемите нерешени мистерии.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-08.jpg

Фрида Кало

Мексиканската уметница и феминистка служи како инспирација за милиони луѓе.

Фрида доживеала тешка несреќа и поголемиот дел од животот го поминала во креветот, но веројатно оваа болка ја направи една од најпрепознатливите уметници во историјата на човештвото.

Кало беше и остана симбол за сила и надминување на животните околности.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-09.jpg

Мери Вулстонкрафт

Поради нејзините неортодоксни сфаќања за тоа како треба да живее една жена, Мери се смета за една од првите феминистки.

Таа сакаше да им докаже на сите дека постои интелектуална еднаквост меѓу мажите и жените и сметаше дека секоја жена треба да се образува.

Нејзината борба е во самите корени на половата рамноправност.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-10.jpg

Коко Шанел

Коко е личноста што ги ослободи жените од модните и стилски стеги. Таа создаде облека која е удобна и го прекрива женското тело на елегантен начин.

Коко црпела инспирација од машката облека, а нејзините револуционерни идеи станаа модни закони.

10-te-najvlijatelni-zheni-vo-istorijata-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
16 фото-докази дека бракот никогаш не е здодевен „Дома почна да мириса на изгорена пластика, сопругот ме зеде за рака, ме одведе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg