30 лоши навики од кои е редно да се ослободите и да ги оставите во 2019-та

Крајот на годината е совршен период за големо „внатрешно чистење“. Ова е период кога треба да размислите за вашите навики и резултати од минатата година, но и период кога треба да одредите што ќе оставите зад вас.

30-loshi-nviki-od-koi-e-redno-da-se-oslobodite-i-da-gi-ostavete-vo-2019-ta-01.jpg

Најдоброто нешто што можете да го направите за себе е да ја започнете новата година без лошите навики што ви го уништуваат животот.

Од 2020-та нѐ одделуваат само неколку денови, па сега е вистинскиот момент да погледнете кои се навиките што треба да ги оставите во 2019-та:

1. Престанете да се споредувате со другите.

2. Немојте да правите нереални планови за кои сте свесни дека нема да ги реализирате.

3. Ослободете се од опсесијата со социјалните мрежи.

4. Престанете залудно да ги трошите парите.

5. Ослободете се од стравот од непознатото.

30-loshi-nviki-od-koi-e-redno-da-se-oslobodite-i-da-gi-ostavete-vo-2019-ta-02.jpg

6. Немојте да живеете во минатото.

7. Не го прескокнувајте одморот за кој знаете дека ви е навистина потребен.

8. Излезете од нездравите љубовни врски и пријателства.

9. Престанете да го чекате совршениот момент за да направите нешто.

10. Ослободете се од потребата да контролирате сè.

30-loshi-nviki-od-koi-e-redno-da-se-oslobodite-i-da-gi-ostavete-vo-2019-ta-03.jpg

11. Не потпирајте се на другите, туку на себе.

12. Излезете од дома и од вашата удобна зона.

13. Не треба секогаш да ги имате најдобрите и најскапите работи. Не мора да имате баш сè што ќе посакате.

14. Престанете да се самосожалувате.

15. Немојте да се плашите да направите грешка.

30-loshi-nviki-od-koi-e-redno-da-se-oslobodite-i-da-gi-ostavete-vo-2019-ta-04.jpg

16. Не им замерувајте на другите.

17. Престанете да се грижите за туѓото мислење за вас.

18. Станете поорганизирана личност.

19. Нема потреба постојано да ги контролирате другите.

20. Немојте да бидете љубоморни и насочете ја оваа енергија кон нешто друго.

30-loshi-nviki-od-koi-e-redno-da-se-oslobodite-i-da-gi-ostavete-vo-2019-ta-05.jpg

21. Не ги обвинувајте другите за вашите грешки.

22. Не мора да се вклопувате секогаш и секаде.

23. Престанете да анализирате ама баш сè. Ова само ви создава непотребен стрес.

24. Ослободете се од пријателите кои всушност не ви се пријатели.

25. Немојте да им се спротивставувате на промените. Тие се неизбежни и неопходни.

30-loshi-nviki-od-koi-e-redno-da-se-oslobodite-i-da-gi-ostavete-vo-2019-ta-06.jpg

26. Нема потреба да се плашите од самите себе.

27. Ослободете се од сите материјални работи што ви се непотребни.

28. Престанете да се криете од вашите проблеми.

29. Престанете да се плашите дека ќе испуштите нешто. Не мора да бидете дел од сè.

30. Почнете да го живеете животот со полни гради.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

24 работи што треба да престанете да ги правите во 2024 (за да бидете посреќни и поуспешни) Престанете да им посветувате време на погрешните луѓе, да се плашите да влезете ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg