Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најсмешните теории за крајот на светот

Постојат неколку нивоа кои се поврзуваат со теории за крајот на светот. На првото ниво се војните, временските услови и природните непогоди.

Najsmesnite teorii za krajot na svetot 01

Второто ниво вели дека крајот ќе се случи како резултат на астероидна несреќа, масовна епидемија или појава на роботи со напредна вештачка интелигенција. Тука ќе зборуваме за теории поврзани со третото, а во исто време и најзабавно ниво.

Ова се најсмешните теории за крајот на светот:

Мајанскиот календар

Античката цивилизација на Маите е позната по многу работи, вклучувајќи го и крајот на светот. Многу луѓе кои ја проучувале оваа култура дошле до заклучок дека врз основа на промена на циклусот во рамките на календарот на Маите, апокалипсата требало да се случи во 2012 година.

Визијата на Распутин

Исцелителот и духовниот водач на руското царско семејство Романов, покрај многу визии, ја имал и онаа за крајот на светот. Поконкретно, апокалипсата требало да се случи на 23 август во 2013 година, кога, наводно, силно невреме требало да го избрише целото човештво.

Предвидувања на Јеховините сведоци

Она што ги издвојува Јеховините сведоци од другите, е тоа што тие го предвиделе крајот на светот 20 пати. Според нив, крајот на светот требало да се случи во 1877, 1891, 1904, 1916, 1917, 1920, 1922, 1924, 1938, 1941, 1942, 1961, 1966, 1967, 1968, 1969, 1971, 1974, 1984 и 1989. година.

Najsmesnite teorii za krajot na svetot 02

Братството на седумте зраци

Дороти Мартин, домаќинка од Чикаго, која е воедно и водач на тајното друштво Братство на седумте зраци, била убедена дека апокалипсата ќе се случи на 21 декември во 1954 година. Таа тврдела дека оваа информација ѝ била испратена од вонземјани од планетата Кларион.

Биг Бенг во Церн

Во 2008 година се создала голема параноја на тема поврзана со нуклеарно истражување наречено ЦЕРН. Во оваа прилика била активирана симулација на Биг Бенг, па многумина мислеле дека ќе се појави црна дупка и ќе ја проголта планетата.

Четири крвави Месечини

Помеѓу 2014 и 2015 година, христијанските водачи Џон Хејџ и Марк Билц го предвиделе крајот на светот. До оваа идеја дошле врз основа на четири крвави (т.е. црвени) Месечини на небото, кои според нивното толкување на Библијата, го претскажале Армагедон.

Najsmesnite teorii za krajot na svetot 03

Нибиру / Планета X

Судејќи според нумерологот Дејвид Мид, наскоро ќе исчезнеме. Тој пресметал, врз основа на нумерички кодови скриени во Библијата, дека со појавата на новата планета по име Нибиру, ќе се развијат настани што ќе го доведат до крајот на светот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg