Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вистински приказни за духови од целиот свет

Ако сакате страшни приказни, овие дестинации дефинитивно ќе ве исплашат. И да, секако дека имаат врска со духови.

Vistinski prikazni za duhovi od celiot svet 01

Од страшни, напуштени села на Балканот до далечните aзиски земји, ова се неколку вистински приказни за духови што воедно ќе ве возбудат и исплашат, а можеби и инспирираат да напишете некоја добра приказна.

Кисиљево, Србија

Ова оддалечено село има помалку од 800 жители и една страшна приказна за вампири. Во 1725 година починал жителот Петар Плогојовиц, а во следните осум дена се случиле девет смртни случаи.

Десет лица кои починале изјавиле на нивната смртна постела дека биле задушени од трупот на Плогојовиц. Свештениците и службениците дошле во Кисиљево да го испитаат случајот, а околу 40 дена откако починал Плогојовиц го ексхумирале неговиот гроб.

Неговата брада и нокти продолжиле да растат, а се појавиле и знаци на нова кожа. Кога го проболе со колец неговото тело, било објавено дека од ушите и устата почнала да тече свежа крв и се слушнал морничав крик, а кожата му станала црна.

Во тој момент, убиствата престанале. Некои го нарекуваат Плогојовиц првиот вампир.

Vistinski prikazni za duhovi od celiot svet 02

Забранетиот град, Кина

Прекрасниот забранет град во Пекинг, кој се состои од 980 згради на 73 хектари, е едно од најпознатите обележја на Кина. Тука се раскажуваат многу „вистински“ приказни за духови.

Во 15 век таму живеел кинескиот император Јонгле, кој наредил убиство на скоро 3000 жени кои биле поврзани со неговиот харем, затоа што сметал дека некој ја отрул неговата омилена љубовница.

Денес, во Забранетиот град може да се види една дама со црна коса како бега од еден војник, повремено врескајќи. УНЕСКО го прогласи Забранетиот град во 1987 година за светско наследство, а самиот град е отворен за јавноста, иако се затвора пред самрак.

Vistinski prikazni za duhovi od celiot svet 03

Замокот Гламис, Шкотска

Овој замок е изграден во 14 век, а таму пораснала мајката кралица - покојната мајка на кралицата Елизабета Втора. Се верува дека во него живеат духови, вклучувајќи ја и Сивата дама или Дама на Гламис, инаку позната како Лејди Џенет Даглас.

Даглас била обвинета за убиство на сопругот и соработка со вештерки за соборување на кралот Џејмс V од Шкотска од престолот. За казна ја запалиле во Единбург во 1537 година.

Се шпекулира дека нејзиниот дух сè уште лебди во кулата, оставајќи трага од пепел. Покрај неа, во замокот може да се види дух на жена без јазик и дух на едно момче од 18 век, кое било малтретирано.

Vistinski prikazni za duhovi od celiot svet 04

Хотел Стенли, Колорадо

Сместен во Карпестите Планини, хотелот Стенли би изгледал како романтично бегство со прекрасен поглед да нема репутација на страшно место опседнато со духови.

Ова место била главна инспирација за приказната „Сјаење“ на Стивен Кинг. Имено, во 1911 година една слугинка запалила свеќа во просторијата во која протекувал гас, што предизвикало голема експлозија која го уништила хотелот.

Жената некако успеала да преживее, но гостите тврдат дека нејзиниот дух ги местел нивните кревети и ги покривал додека спиеле. Другите, пак, слушале клавирска музика, иако никаде немало пијанист, или чекори на дете под собите, каде што порано била градинка.

Vistinski prikazni za duhovi od celiot svet 05

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
11 вистински фотки кои делуваат како да излегле од виртуелна реалност Некои работи се пред нас, а сепак мора да ги протриеме очите за да се осигуриме ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg