Амелија Ерхарт и Еленор Рузвелт летале заедно - интересни поврзаности помеѓу историските личности

Една од најдобрите работи што доаѓаат со популарноста е во тоа што познатите луѓе имаат пристап до други познати личности, кои се исто толку интересни како нив. 

Amelija Erhart i Elenor Ruzvelt letale zaedno interesni povrzanosti pomegu istoriskite licnosti 01

Па така, на пример, можат да планираат состаноци со Илуминати, за тајните градови каде сите ќе живеат по Апокалипсата. Но што е најважно, се создаваат чудни пријателства, кои обично никогаш не би ги очекувале.

Историјата е полна со овие чудни спарувања, а ова се неколку интересни поврзаности помеѓу историските личности:

Големата приказна на Хари Худини потпишана од Х.П. Лавкрaфт 

Хари Худини бил познат низ целиот свет заради неговите вештини за бегство, па затоа, кога го посетил Египет во 1910 година, мештаните знаеле сè за него и му подготвиле изненадување.

Водичот го одвел на очекуваното место за разгледување, но потоа го предал во рацете на банда насилници. Тие го врзале и го фрлиле во пирамида, оставајќи го да го положи тестот и да се ослободи или да умре.

Барем е тоа приказната што Худини сакал да ја раскаже. Но неговите издавачи сакале истата да се напише како соодветна приказна. За пишувањето бил ангажиран младиот Х.П. Ловкрафт, кој ја истражил приказната и дознал дека Худини, всушност, ја измислил.

Amelija Erhart i Elenor Ruzvelt letale zaedno interesni povrzanosti pomegu istoriskite licnosti 02

Амелија Ерхарт и Еленор Рузвелт летале заедно

На 20 април, 1933 година, во Белата Куќа имало забава, а најпознатиот гостин требало да биде Амелија Ерхарт.

Ова била формална забава, па можеби заради тоа Ерхарт и Рузвелт избегале и се упатиле кон првиот аеродром што се отворил блиску до Белата Куќа да летаат заедно.

Amelija Erhart i Elenor Ruzvelt letale zaedno interesni povrzanosti pomegu istoriskite licnosti 03

Ханс Кристијан Андерсен и Чарлс Дикенс, од пријатен до непријатен гостин

Андерсен му бил современик на Чарлс Дикенс и голем обожавател. Тие се запознале на една забава, а Андерсен го нарекол најдобриот писател досега. Тој постојано му пишувал на Дикенс, со години, а Дикенс понекогаш одговарал на неговите писма.

Андерсен бил опседнат, а можеби дури и заљубен во Дикенс (сакал и мажи и жени, иако не спиел со никој). Потоа, во 1857 година, Андерсен му напишал писмо на Дикенс дека ќе дојде да го посети, без да го праша дали е добро време за тоа.

Дикенс се подготвувал за актерска улога и имал проблеми во бракот. Но Ханс Кристијан Андерсен останал кај него пет недели. Секој ден одел во Лондон, а потоа се враќал пијан дома кај Дикенс.

Тој често плачел пијан и се жалел дека нема кој да го избричи. Дикенс конечно го исфрлил од куќата, а двајцата никогаш не биле повторно пријатели.

Amelija Erhart i Elenor Ruzvelt letale zaedno interesni povrzanosti pomegu istoriskite licnosti 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg