Зошто секогаш изгледаме подобро во огледало отколку на фотографија?

Асиметрично лице

Никој нема совршено симетрично лице. За да се убедите во ова, обидете се да ги споредите двете страни од вашето лице.

Бидејќи сте навикнати да се гледате од само неколку агли, често мислите дека едната страна на вашето лице е иста како и другата.

Поради ова, на фотографиите ви изгледа како да гледате сосема друга личност, па можно е да помислите дека сте помалку атрактивни.

zoshto-sekogash-izgledame-podobro-vo-ogledalo-otkolku-na-fotografija-05.jpg

Притисок од околината

Кога се гледате во огледало, најчесто сте дома или во „безбедно“ опкружување.

Но на фотографиите нормално е да изгледате понапнато - ги отворате очите повеќе за да не трепнете, ги развлекувате усните во насмевка и слично.

Бидејќи неретко фотографиите завршуваат на интернет, чувствувате поголем притисок да изгледате совршено на нив. Во овој случај, само обидете се да бидете порелаксирани пред камера.

View this post on Instagram

A post shared by chessie king carter (@chessieking)

Во огледало гледате само некои детали

Сигурно сте забележале дека кога се гледате во огледало, обично се фокусирате на еден дел од лицето – носот, усните, очите…

Но кога гледате фотографија од вас, целото лице го гледате одеднаш и повеќе внимание обрнувате на вашата положба, изразите на лицето и другите нешта кои обично ги игнорирате.

zoshto-sekogash-izgledame-podobro-vo-ogledalo-otkolku-na-fotografija-06.jpg

Мислите дека сте поатрактивни отколку што навистина сте

Едно истражување од Универзитетот во Чикаго покажало дека луѓето настојуваат да мислат дека се поатрактивни отколку што навистина се.

За истражувањето, научниците одбрале фотографии од испитаниците, кои потоа ги уредиле да изгледаат подобро или полошо. Испитаниците требало да ја најдат оригиналната фотографија од нив.

Поголемиот дел од нив не успеале и ја одбрале фотографијата на која изгледаат подобро.

Воглавно, минуваме повеќе време гледајќи се во огледало отколку гледајќи фотографии од нас. Нашиот мозок нè „лаже“, па фотографиите од нас ни изгледаат чудно.

Сепак, ова не значи дека изгледате ужасно, туку едноставно, не сте навикнати да се гледате од одреден агол. Па, за да се ослободите од овој проблем, „истражете“ го вашето лице и гледајте го од повеќе агли.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg