Зошто секогаш изгледаме подобро во огледало отколку на фотографија?

Една анкета покажала дека во Велика Британија, во просек, жените се погледнуваат во огледало 70 пати на ден.

zoshto-sekogash-izgledame-podobro-vo-ogledalo-otkolku-na-fotografija-01.jpg

Оваа бројка сигурно не ве изненадува, кога ќе земете предвид колку пати се погледнувате во огледало додека се подготвувате или ја проверувате шминката.

А, сигурно ви се случило во огледало да изгледате одлично и веднаш потоа да направите фотографија на која изгледате ужасно. Изгледа дека не сте единствените, а за ова има неколу причини.

Погледнете зошто секогаш изгледате подобро во огледало отколку на фотографија:

Огледалото покажува превртена слика

Она што го гледате во огледалото не е реално. Всушност, во огледалото гледате превртена верзија од вас. А, бидејќи секој ден ја гледате оваа верзија од вас, вие сте навикнати на неа.

Ако не гледате фотографии од вас секојдневно, не знаете како точно изгледате, па нормално е да се „шокирате“ кога ќе погледнете некоја фотографија.

zoshto-sekogash-izgledame-podobro-vo-ogledalo-otkolku-na-fotografija-02.jpg

Контрола

Кога се гледате во огледало, имате целосна контрола.

Ако, на пример, не ви се допаѓа аголот, веднаш можете да ја промените положбата и да изгледате подобро. Но, кога ги гледате фотографиите не можете да ја промените позата.

Во овој случај, добро е да научите која страна од лицето ви изгледа подобро, па да ја нагласувате кога се фотографирате.

zoshto-sekogash-izgledame-podobro-vo-ogledalo-otkolku-na-fotografija-03.jpg

Светло

Кога гледате во огледало, не ја забележувате разликата во светлината бидејќи мозокот автоматски ја изедначува. Па, кога се гледате во огледало, ќе го видите она на коешто сте навикнати.

Но, фотоапаратите не функционираат на овој начин. Тие ги доловуваат сите тонови и сенки, кои пак имаат големо влијание врз крајниот резултат.

Секој фотограф знае колку всушност е важно светлото.

zoshto-sekogash-izgledame-podobro-vo-ogledalo-otkolku-na-fotografija-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg