Зошто секогаш изгледаме подобро во огледало отколку на фотографија?
Една анкета покажала дека во Велика Британија, во просек, жените се погледнуваат во огледало 70 пати на ден.
Оваа бројка сигурно не ве изненадува, кога ќе земете предвид колку пати се погледнувате во огледало додека се подготвувате или ја проверувате шминката.
А, сигурно ви се случило во огледало да изгледате одлично и веднаш потоа да направите фотографија на која изгледате ужасно. Изгледа дека не сте единствените, а за ова има неколу причини.
Погледнете зошто секогаш изгледате подобро во огледало отколку на фотографија:
Огледалото покажува превртена слика
Она што го гледате во огледалото не е реално. Всушност, во огледалото гледате превртена верзија од вас. А, бидејќи секој ден ја гледате оваа верзија од вас, вие сте навикнати на неа.
Ако не гледате фотографии од вас секојдневно, не знаете како точно изгледате, па нормално е да се „шокирате“ кога ќе погледнете некоја фотографија.
Контрола
Кога се гледате во огледало, имате целосна контрола.
Ако, на пример, не ви се допаѓа аголот, веднаш можете да ја промените положбата и да изгледате подобро. Но, кога ги гледате фотографиите не можете да ја промените позата.
Во овој случај, добро е да научите која страна од лицето ви изгледа подобро, па да ја нагласувате кога се фотографирате.
Светло
Кога гледате во огледало, не ја забележувате разликата во светлината бидејќи мозокот автоматски ја изедначува. Па, кога се гледате во огледало, ќе го видите она на коешто сте навикнати.
Но, фотоапаратите не функционираат на овој начин. Тие ги доловуваат сите тонови и сенки, кои пак имаат големо влијание врз крајниот резултат.
Секој фотограф знае колку всушност е важно светлото.