5 легендарни холивудски парови кои се паметат до ден денес

Американската миленичка Џенифер се запознала со Бред во 1998 година. Врската помеѓу ѕвездата на „Пријатели“ секс-симболот била овековечена со брак во 2000 година, но нивната среќа била краткотрајна. Милиони обожаватели ширум светот останале во шок кога двојката во 2005 година објавила дека ќе се разведе. Причината била Анџелина Џоли.

5 legendarni holivudski parovi koi se pametat do den denes 01

За оние што ја следеле медиумската лудница околу овие славни парови, веројатно тешко можат да замислат дека и порано имало големи романси, во златното доба на Холивуд, што привлекувале уште поголемо внимание.

Овие 5 легендарни холивудски парови се паметат до ден денес:

1. Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

Хистеријата поврзана со Бред Пит и Анџелина Џоли не може да се мери со интересот предизвикан од браковите на Елизабет Тејлор. Филмската дива била во брак дури осум пати.

Иако во една прилика изјавила дека била најсреќна со својот трет сопруг, Мајк Тод, кој загинал во сообраќајна несреќа во 1958 година, Ричард Бартон бил нејзината најголема љубов.

Се венчале во 1964 година. „Не можам да верувам колку сум среќна. Овој брак ќе трае вечно!“ - изјави Елизабет по венчавката, но бракот траел само 10 години.

5 legendarni holivudski parovi koi se pametat do den denes 02

2. Ава Гарднер и Френк Синатра

Заводникот со сини очи и црнокосата убавица се венчале во 1951 година. За неа, тоа бил трет брак, а за него втор. Двајцата се бореле со бројни пороци, а актерката морала да абортира двапати за време на нивниот брак, поради строгиот договор со холивудското студио МГМ.

Френк и Ава се развеле во 1957 година, но останале пријатели до крајот на животот. Кога актерката починала во 1990 година од пневмонија, нејзината смрт го скршила легендарниот пејач.

5 legendarni holivudski parovi koi se pametat do den denes 03

3. Кларк Гејбл и Карол Ломбард

Кларк Гејбл не бил истиот човек по смртта на неговата сопруга Карол Ломбард, која загинала во авионска несреќа во 1942 година. Гејбл веднаш патувал на местото на несреќата и лично го барал нејзиното тело.

До крајот на животот, тој живеел на ранчот што го купиле заедно, оставајќи ја нивната спална соба непроменета.

Иако се оженил двапати повеќе после тоа, таа му остана најголема убов. По неговата смрт, тој бил погребан до Карол.

5 legendarni holivudski parovi koi se pametat do den denes 04

4. Орсон Велс и Рита Хејворт

Рита се мажела и разведувала пет пати. Кога имала 18 години, се омажила за својот прв сопруг Едвард Џудсон. Бракот пропаднал по пет години. Една година подоцна се омажила за Орсон Велс.

Никој не знаел за нивната венчавка сè додека таа не ја објавила, еден ден пред церемонијата. Тие заедно имале ќерка, Ребека, но бракот траел само неколку години.

 Хејворт го сметала Велс за нејзината најголема љубов во животот.

5 legendarni holivudski parovi koi se pametat do den denes 05

5. Спенсер Трејси и Кетрин Хепберн

Се запознале на снимањето на филмот „Woman of the Year“ во 1942 година, а наскоро започнале љубовна врска која траела до неговата смрт во 1967 година.

Глумеле во девет филмови заедно и сите знаеле за нивната љубов - иако тој никогаш не ја напуштил својата сопруга. До денес, нема заедничка фотографија од нив (освен од филмови), бидејќи морале да бидат внимателни да не ги видат заедно, што би предизвикало скандал.

Трејси никогаш не се развел, но последните години не живеел со сопругата. За него се грижела Кетрин, која земала петгодишна пауза во кариерата. Само тогаш за прв пат живееле заедно.

Кетрин била со Трејси кога тој починал, но од почит кон семејството не била на погребот.

5 legendarni holivudski parovi koi se pametat do den denes 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg