Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најдобрите уметнички перформанси во 21 век

Современата уметност во 21 век помина во знак на перформанси. За нив најмногу се зборува и се чини дека оваа форма на уметнички израз нуди најголем потенцијал за креативност.

Ova se najdobrite umetnicki performansi vo 21 vek 01

За време на новиот милениум, се одржале многу интересни перформанси, а некои од нив ја одбележаа оваа ера.

Ова се најдобрите уметнички перформанси во 21 век:

Tereza Margoles - За што повеќе можеме да зборуваме? (2009)

Еднаш дневно, во палатата во Венеција, еден млад човек бришел подови и скали со крпа натопена во крвта на жртвите на насилство во Мексико.

Овој перформанс, дизајниран од концептуалниот уметник, Тереза Марголс, во исто време предизвикал емпатија кон нејзините сонародници, но и коментари дека во мексиканското општество е вообичаено насилство, но никој не обрнува внимание.

Ova se najdobrite umetnicki performansi vo 21 vek 02

Pussy Riot - Панк молитва (2012)

Овој перформанс на колективот Pussy Riot во храмот во Москва одекна во светот. Членовите на оваа група протестирале против Руската православна црква (заради нејзината блискост со Путин и нејзиниот став за геј-парадата).

Маскирани, влегле во храмот и ја извеле својата изведба, по што биле уапсени и обвинети за хулиганство.

https://www.youtube.com/watch?v=grEBLskpDWQ

Pierre Huyghe - Untilled (2011-12)

Елегија на светот што умира. Делото го чинело еден двор, обраснат со коприви и најразлични растенија, во чиј центар се наоѓала бронзена статуа на жена, чија глава служела како гнездо на пчели.

Околу статуата се шетале две кучиња, од кои едното имало розова нога.

Jeremy Deller - Битката кај Оргрив (2001)

Во изведбата на битката кај Оргрив, Делер, со помош на околу илјада луѓе, го реконструирал судирот меѓу полицијата и рударите во штрајкот што се случил во близина на Оргрив, во 1984 година.

Околу двесте учесници во претставата биле поранешни рудари.

Ragnar Kjartanson - Посетители (2012)

Исландскиот уметник, Рагнар Кјартансон, заедно со неговите пријатели, меѓу кои биле и членовите на бендот Sigur Ros, извеле песна напишана од неговата поранешна сопруга, на фармата Роби, во близина на Њујорк.

Песната се занимава со причините зошто нивниот брак не успеал. Музичарите ја изведувале песната во различни простории, а истата се свирела одново и одново цели 11 часа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg